отпушта (несв.)
И уште нешто: кога циркуската публика не ги пречекува кловновите со смеа и весели извици, ги отпуштаат од служба.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се отпушташе уморено на неговото силно рамо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Првиот налет на кучињата им беше страшен, срцето им се креваше в грло, коските им се тресеа, но постепено се отпуштаа и се навикнуваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Гргори устинката и ти отпушта навалица зборови.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нешто ме тера да зборувам, да се отпуштам. Им кажувам на децата за комитите што ме бркаат од дома.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ово носите куќи, вели Мирковиќ и ја отпушта главата. Стиска и достиска.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Методија ги дофаќаше предметите, се држеше да не тоне, но не излегуваше, туку мавташе со нозете, напињаше и гледаше да дојде до оглавот на магарето, да го фати, да го извлечка и него; но кога ќе му успееше да го фати за оглавот, матицата на водата ќе го зафатеше да го влечка и тој пак го отпушташе и фаќаше надолу.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Широкото чело му се собираше па се отпушташе низ новите бразди на обликот на мислите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кога не се шминкаше, од здодевност не знаеше што да прави, та често ги префрлаше нозете една врз друга, ги склучуваше прстите и ги отпушташе, ги вртеше прстените и на едната и на другата рака, ја потчукнуваше со дланките собраната коса и од едната и од другата страна дотерувајќи ја.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога ме отпуштаа, дојде татко ми, со Борко заедно, ме зеде да ме носи дома.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сам на масата, си мрмореше сега нешто со себе, а издадената долна рилка тромо му се стегаше и отпушташе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Лицето му се стегаше во спазми. Мускулите околу уста се збираа и се отпуштаа со страшна брзина.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кај јавните и државни претпријатија, кои отпуштаа работници по овој основ, во практиката често се применуваа партиски критериуми – на големо незадоволство на отпуштените, како и на јавноста; • што се однесува до измените од 2000 година, со нив: прво, целосно се укинаа погоренаведените критериуми што требаше да се запазат кога масовно се отпуштаа работници; и, второ, се промени одредбата која пропишуваше дека тоа треба да се направи во согласност со колективните договори, со формулација дека тоа ќе се утврдува врз основа на колективните договори на ниво на работодавец или гранка (значи, веќе не со општ колективен договор) и „доколку работодавецот има потпишано таков договор“!? (чл. 6, ЗИДЗРО/00). 24.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Значи, сега работодавачот може непречено и легално да отпушта вработени како технолошки вишок, и веќе следниот ден на нивно место да вработи други лица, што – најблаго речено – е неправичен и нехуман гест исклучиво во корист на новите капиталисти и неспособните богати „менаџери“, кои од комунистички директори станаа транзициски олигарси!? в) според ЗРО (1993), утврдувањето на бројот и структурата на работниците што се прогласуваат за технолошки вишок требаше да се изврши запазувајќи одредени критериуми – како, на пример: ефикасното функционирање на работата на работодавецот, стручната подготовка и квалификација на работникот, неговото работно искуство, успешноста при работењето, видот и значењето на работното место, работниот стаж, возраста и други критериуми утврдени во колективен договор (чл. 129 од ЗРО).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Суштинската промена, пак, се однесува на смалување на опсегот на важење на погореспомнатите услови за престанок на работниот однос, и тоа од „сите работници кои се отпуштаат“, само на онаа група работници која ќе биде прогласена како технолошки вишок (чл. 7, ЗИДЗРО/00).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Нишанот „плива“ дур отпуштам благо, но одлучно и гледам како стрелата те стигнува.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Ах, мајче, клопчето е малечко и конецот се ниже како судбата наша вчера и денес.... отпуштај конец... оддиплувај ги пожолтените листови на споменот и место молитви и блазосувања, проколнувај...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)