маг (м.)
Каде се некогашните магови, толку умешни во игрите со маските, еротиката, делиријумите?
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тогаш во прв план се појавува гордиот маг Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Грета: Не, Дики. Оној кој сега сака да ме убие е Еди Краста, филмски продуцент и еден од најзлогласните црни магови во земјава.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ни чуварите, ни дворјанките
нити сите кралеви не, магите само
ѕвездочатци ја знаеле тајната
за нивната неприродна кроткост.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Тие ѕверки ги напаѓаат само оние кои се
плашат од нив или од коишто се плашат тие...“
Елифас Леви, Магијата на магите, Градец 63 (1985)
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Махмуд Дарвиш беше во средиштето на вниманието во Струга и Охрид, се сеќаваше на враќањето на Рафаел Алберти, во 1978 година во Струга, во годината во која како да славеа две враќања од егзил во поетската република во Македонија, со големиот шпански маг Рафаел Алберти.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)