магија ж.

магија (ж.)

ЛЕНКА: Му направиле магија. Го врзала некоја вештерка…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Мансардата оживуваше, се отвараше со магија на цвет да ги пушти во себе разнобојните шурки на светлината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неговата сенка долга како јат претпазливо ползеше во таа мрежа, се пробиваше низ нишките на есенската магија, растеше и се губеше во чудна игра.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„За мојата лекарска магија, за два танца на остриот скалпел.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беше како некоја стара семенка, која долго време си ја чувала во својата срцевина магијата за да го сети тој топол здив и да почне да се буди, да поникне под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги гледаа неговите раце и наеднаш им се чинеше дека сите магии се кријат во нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тоа му помогнуваа и неговите преморени зеници, во кои, со некоја магија на белината и пренапнатоста, како на филмска лента, беа сочувани сите движења и сето оддалечување на оние двајца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Навлези подлабоко во тајните на боите: секогаш доотворај им ја нивната скриена моќ, доразви го и дообогати го нивниот јазик, фати ја нивната магија, нивното волшепство...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Требаше веднаш ножот. Со магии не се убива.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Магијата е добра. Не ја применувам како што треба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Знаеш некои магии. Нешто со топчиња, низ нос, низ уши.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Повнимателната анализа на македонската народна песна, не само низ нејзината литерарна структура туку и низ нејзината мелодична линија, ми откри три света: свет на темно и болка, свет на неповторлив љубовен порив и нежност и свет на магија.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Да го гледаш сето тоа како вистинска магија зрел плод што се ниша во светлите дворови на душата во секоја годишна доба.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во страшниот сон ја чу, нејзиниот глас го пробуди, со изгорени усни, во сон, во магија, во занес рече: - Мајко, мајчице мила!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Како ќе го спасуваш ако е од нагаз или магија или ако некој дух го јавнал! Не, не ќе оди за долго, Аритоне Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Можеби тоа беше зелениот дух на водата, што знаевме - неми, стутулени еден крај друг седевме на највисоката карпа. Во сон, во магија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сомневаше дека му прави магија да умре, зашто при секое враќање од брегот каде што ја држеше ногата во топлата вода, ја забележуваше неговата слика обесена на ѕидот во одајата, малку помрдната, а на очите фрлена пепел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
18. Дали навистина постоела онаа самовилска атмосфера на играта, со прекрасните андрогени играчи, потполно предадени на мигот, додека волшебниот прав се истура врз главите на збунетите дворјани, аматери, воајери што ѕиркаат од страните, залудени од фантазмите на магијата и метаморфозата?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Totus mundus agit histrionem – магијата на младешките сништа, играрии, вилински карневали, на мангупски царчиња и шумски духови, на слаткото травеститетво, кога вљубеноста е Атлас, но атлас кој и покрај силата е незапирливо нежен, а светот на новите облици заличува на нестварниот свет од бајката, низ кој талкаме полни со духовна и физичка кондиција и приемчивост – и сега во овие исечоци, во оваа шкрта милост на сеќавањето, поттикот е еднакво жив.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Мансардата оживуваше, се отвораше со магија на цвет да ги пушти во себе разнобојните шурки на светлината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе