купе (ср.)

Ќе купе ли он некое рало, или ќе и киниш ти за твој есап?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со прстите на својата смеа што кружат во муграта наслутена те вадам од ова задушено купе што живее со здивот на тунелите и те водам во синиот и широк сон на јавата да се одмориш во зеленилото на пристигањето.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во купето од втората класа, од учтивост или плашливост, тој податливо ги потврдува здодевните зборови на сребренокосиот човек кој патува до некоја блиска станица и кој при слегувањето не заборави да си го каже името: Етхем-паша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Или би го преграбал здебеленото тело и би го отпратил преку отворениот прозорец на купето во мочуриштето низ коешто трескоти возот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неа, велеа во купето, Германците нема да ја претресат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во тој момент пред купето се појави кондуктерот, кој ни го прекина појадокот, а по него и еден со количка, во која имаше кафе и пиво. Но, никој не купи ништо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во купето влезе едно црномуресто момче, кое одвај да имаше дваесетина години, некаде од селата кај Неготино, мислам од Пепелиште или Прждево, па потоа уште двајца повозрасни, едниот со лузна и висок, а другиот понозок и мешест.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За сѐ беше крива жената од купето. Откако внимателно го разоткри плодот, таа со љупка насмевка му ја подаде бананата. Вкусот беше извонреден.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Многу се исплашив кога во нашето купе влезе кондуктерот и со строг глас рече: - Покажете ги билетите!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Вака, сами ние двајцата, можеме без брзање да си го пронајдеме купето, седиштата, удобно да се сместиме, па дури ни остана време и да купиме по осминка бурек со јогурт што го јадевме седнати крај прозорците на вагонот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На средината на масата имаше голема бакарна чинија во која луѓето фрлаа по некоја пара, и да купеа, и да не купеа свеќи.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Купе. Ноќ. Седи Ана. Гледа низ прозорецот.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Патниците што се качуваа на станицата кога ќе ја видеа низ вратата од купето каде што се шминка, не влегуваа во купето иако имаше слободно место за да не внесат со своето присуство пореметување во интимноста создадена меѓу машко и женско.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И кондуктерот минувајќи крај купето, ќе фрлеше поглед кон нив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во вагонот за спиење беше многу удобно. Во купето само тие двајцата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На Даскалов му реков: - Во купето ни се придружи Огнена Гулева.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, откако го разгледа купето и провери дали се добро сместени пилињата, погледот го запре на лицето на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Немав заборавено ниту една поединост од средбата во возот. Наврапитото втурнување на Огнена Гулева во нашето купе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги качија, значи, на железничката станица во задушливото купе од трета класа, да не свртуваат премногу внимание врз себе, и ги испратија кај вујко им со двајца непознати трговци, негови пријатели и со по десет златници што Моше дома им ги заши во поставите на нивните нови палтенца, грижно кроејќи го да не се познава и зацврстувајќи го со посилен штеп поработ што прецизно го испланира.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие тројцата беа застанати покрај отворениот прозорец на нивното купѐ, ние четирите стоевме на перонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе