купен прид.
купи св.

купен (прид.)

Носеа и разна стока од Албанија, купена или опљачкана.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се позамисли малку, се позатрлка, небарем триста болви го нападнаа, ама кога си ги припомни вчерашните маки, парите му се видоа ѓубре, та со светнато лице му ја подаде раката на Арслана, небарем ја постигна цената која требаше да се даде за купениот предмет или стока: — Аирлиа нека е муабетот тогаш, мудурбеј!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Рифат од Острец над Битола се соортачи со Расима и ги прати неговите качаци некаде по Арнаутлакот и тие за неколку дена донесоа секој по две три пушки, купени по половина лира или опљачкани од колибарите; Рифат му ги продаде на Раифа по лира, a овој на Митрета по две.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој стана сенка, ми рекоа, тој, мојот старец, а јас носев нови долги панталони и се криев и плачев ноќе зашто тие беа купени со украдени пари. Украл.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Воведоа луѓето обичај да се пие и за роден добиток: теле, ждребе и друго, и за купен и за заклан, и за пцовисан.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој длабоко во себе имаше големо и природно разбирање за козарите со кои сега, со купената коза, ја обедини својата судбина, судбината на семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Доаѓаа познати и непознати козари да му честитаат на татко ми за купената коза: – Аферим, аферим, комши, и вие сте сега наш.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А Јакуза со својата сенишна величина ги милуваше градските бази на податоци, барајќи бледи слики од мене во облик на обележани сметки, трансакции, сметки за купена стока.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Седи со него крај лебедовото езерце додека некој не ѝ даде четврт долар, сендвич, тукушто купена вреќичка пуканки. Едноставно ѝ ги подаваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Игнорирајќи го гладот или залажувајќи го со по некое јаболко или некое зрно леблебија купена на одморите, се дружев со хероите на Шолохов од Тихи Дон откриени за прв пат во првиот том купен од една антикварница во Суботица, издание на Космос од Белград од 1940 година.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Некои од децата јадеа грисини купени во некој од дуќаните на Маказар и празните ќесички ги фрлаа наоколу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Претпоставувам дека за дедо неприкосновениот голем френски беше поставен кон нашиот език како полуцилиндарот кон фесот, или уште подобро, како панталоните купени во „Кавалер моде“ кон долгите гаќи со учкур.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во кошницата секогаш имаше свежи, вкусни бомбони и додека ни се топеа во устите, тетка ти и јас секојпат ќе помислевме во себе: кои бомбони биле први во кошничката, кога играчката била купена и на кои им се восхитува ѓаволчето, и како биле по вкус?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Пандо имаше направено и други записи како Рецепти за лозјето, Купени работи што пак треба да се купат за да знам колку од што да купам и слични, но тие беа толку технички што авторот не го интересираа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во рацете држеше сосема идентичен блок со зелена хартија, можеби купена во истата продавница во Атина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога се дозна за нејзината машинка за правење јуфки, купена уште во Италија, која беше речиси непозната во овој дел на Балканот, машинката патуваше од семејство до семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој имаше и едно скратено издание од оваа книга на старотурски, купена во младоста, во Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Согласно ЗТПОК, корисникот на попустот има право да ги купува акциите, односно уделите со основен попуст од 30% од номиналната вредност, зголемен за 1% за секоја полна година на работен стаж во претпријатието, со тоа што износот на купените акции, односно уделот со попуст не може да го надмине износот од 25.000 германски марки (чл. 26).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Мамо, јас сакам да сум Снежана - дотрча Ева и снажно го загриза најсочното од тазе купените јаболка.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Интерните акции беа укинати, а оние кои претходно биле купени, работниците не можат да ги продадат до нивното трансформирање во обични акции.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе