искара (св.)
Вечерта мајка и ја праша како помина денеска, a брат и не заборави да и каже дека оној попов шебек често гледа во неа и дека тие со Јошка сакале да го натепаат на одморот ама таа, Неда ги искарала да не се караат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Ти пак лажеш, - ѝ се накара брадјосаниот.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ги искара и дедо Ангеле: - Подобро вие помалце да се мрсулавите...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Да му се искараше некој друг, тој не ќе се посрамеше толку.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Мајка му го искара: - Што стоиш надвор?
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Место да те искара, тој ти дава бонбонче!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Знаеше што му е намерата, но се плашеше од Србина да не го искара.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Беше многу рано, иако стемнето, за да се затвори во колибата и да се осами уште повеќе отколку што беше, па ги задржа кучињата во тремот, фрлајќи им и по некое парче сирење, за што, кога би го видел дедо му, убаво би го искарал.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
— Капата, бре пес! — го искара Крсте детето и ова го симна од главата својот извалкан фес и го прибра барутот и сачмите, а откако се истави од Шаќира, си ја нарами кремењарката, фати горе Жиовскиот дол, та си отиде дома, мислејќи во себе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На лавежот од песот истрча мало девојче — два тринаесет години, го искара, откако виде дека гостите не се Турци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бев сигурна дека добро би се искарале.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Долго не сакав да седнам на масата каде што се ручаше, по повод оваа веселба, иако во кујната неколку пати ме искара тетка Рајна.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Не те пушта дури не дојде Дуко да го искара.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ништо. Барем не ме искара, не ме испади.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А и господ е себичен, штом не те искарува, штом не те поучува, туку те остава така сам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Никогаш никого не искара, секогаш беше добра. А зборот нејзин за нас беше сѐ.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А таму, на Рамник на Горник, над отворениот гроб на мајка си, одржа една проповед во која првин ги нападна грчките владини и писмо, а потоа ги искара и татка си и сите потковичани што допуштиле да бидат измамени од еден туѓинец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Костадин Дамески, старешината на Потковицата, отворено го искара, отворено му рече дека зборува детиништини, дека тие работи не се прават така како што ќе му падне на умот нему или на некого нему сличен, туку така како тој, Костадин Дамчески, што поучува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Незгодно ти е да му кажеш, да се искараш со него.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
идат сега полицајците на Јанис Метаксас и ти дежураат пред устата, под ушите, не смееш ни кучето со свои зборови да го повабиш, ни козата да ја искараш, оти не им зборуваш грчки, ти велат, моето куче не знае грчки, им велиш, мојата коза не разбира, полицајците и оддалеку знаат на кој јазик зборуваш, по отворањето на устата знаат и идат право на тебе и во отворената уста ти плукаат и после ти ги кршат забите и ги бришат словенските букви од црквите и од гробовите,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)