изминат прид.
измине св.

изминат (прид.)

Народниот певец пееше нови песни за туку што изминатите настани: „Силна ми војска идеше, тоа е војска ненаша, тоа е војска германска, германската и фашиска.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Не, тоа не ќе биде обично разделување и една младост попусто измината, разделбата ќе прилега на цврсто прегрнување на некој превој непознат далеку во иднината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И години со ред се надеваше дека еден ден ќе му тргне, но...овде ги стегна Аргир силно капаците на очите и уште подлабоко проникна во својот изминат живот. Каде не скитал, што сѐ не ѕидал?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Набргу во зглобовите и во глуждовите почнаа да му се раѓаат и сите заборавени оловни кугли на болките од поминатите донови, потсетувајќи на сите изминати порази и растворувајќи ја неговата ситна радост со прекрасната утрина и со својата храброст како капка во море.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малтерџијата беше едно вредно, здраво момче, косата му беше станата целата златна од сонцето на изминатото лето, имаше бакарни топки мускули на рамената, идеше кон Језекил со својата копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше на едно високо скеле, сега веќе ѕидар, а некаде во него, вкоренувана низ сите оние изминати години, долги, од неговото детство, почна да ги подава своите отровни повитки, една ужасна бездна, да се отвора и да се длаби пред неговиот поглед и да не му дава мира да се размавне и да работи, како што знаеше тој, како што работеа сите други мајстори, и во сонот опоменувајќи со длабочината на провалијата под него, ниеднаш не позволувајќи му да подзаборави, да си ја сочува онаа свикнатост со не.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Изминатите денови беа заорале длабоки бразди во неговото чувствително срце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И си помислија старецот и детето на изминатото лето, на драгите ликови со кои деновите им врвеа неосетно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сезоната беше одамна измината, но сепак можеа да се сретнат гости.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А младите не сакаат да тагуваат по измината младост ана своите татковци и мајки; тие бараат брз ритам, бараат своја мелодија, го барат своето време.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А појот, ту близок, ту далечен, ту длабок и растреперен, нескладен и испрекинат, се растура во ноќната тишина тажновито и пејовито, потсетувајќи на еднаш изминатото време што наврапито го однесоа и го однесуваат времињата крвави и мрачни...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа ѝ пристигна друго писмо испратено од Управата на гробиштата во Бристол, во Англија, адресирано на Илко во кое се бара изјава од него да каже дали сака и понатаму да му се чува парцелата во гробиштата што своевремено со госпоѓата Ана, сега покојна, ја закупија, бидејќи времето на договорот за чување на парцелата, е изминато.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пепел и плева грабаше од водоскоците жито што во гумната на Имотот и чифлизите еден за друг прскаа право пругоре (раетините го вееја житото а спахиите, во сенките на дрвјата и во сенките на новите копи што со секој изминат час нараснуваа и нараснуваа, се сладеа со шербет, студена вода и татли кафе) и ги развеваше на сите страни, па воздухот во Потковицата беше исполнета со пепел и плева, со мирис на младо жито и тишина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие, покосени сончогледи во мрак, имаат животни жили во себе и наоѓаат во нивната недоисушеност изминати есени со болка но без рани и без толку доближен здив на смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Остави ме, меѓу нас е граница, слушам глас и сепак знам дека тоа сум го рекол во себе - капакот со срмен укит не се поткренал, нема ни да се спушти, и веќе не го знам јас ни крајот ни староста на облеката, црна и свечена, пресмртничка, секаква и никаква: ни облакот во длабочината на изминатите ноќи нема боја и нема цел и белег во сеќавањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само такви можеа толку да се зближат и да го одржат толку отворено и актуелно козјото прашање, да ги зближат толку силно овие различни луѓе на Балканот, во што не успеваа верите и идеологиите на сите изминати империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во изминатото време на големи искушенија, уште повеќе се засили врската помеѓу луѓето и козите, наспроти сите очекувања и желби на партиските и државните власти во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој имаше големо искуство од изминатите балкански ветрометини и успеваше вешто да го одбрани семејството од неколку идеологии, од фашизмот, сѐ до сталинизмот, од мешањето на верата и политиката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Иако во раните години на деветнаесеттиот век оваа дејност беше ценета и се сметаше за сериозен и корисен метод во процесот на истражување и обликување на стилот на писателот, многу повеќе отколку што тоа било пракса во изминатите векови, постоеше уште една струја со тенденција да направи пресврт во статусот на преведувачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
По долгите часови изминати во опашката за основниот животен документ, легитимација, конечно дојдов до шалтерот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе