измине св.

измине (св.)

„Драги Илија, измина еден месец откако се венчавме и си отиде, но за мене како да измина цела година.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
О Криволак, со крв свештен, црни дни се изминуат.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Поминувајќи покрај него, Мече го погледна ѓаволесто и замавна како да ќе го удри со лакт во слабини, а кога тој уплашено се изви на страна, Мече се исмеа слатко и потрча по Белича, кој што беше изминал подалеку по патот за бригадниот логор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Така изминаа месеци и години и Бојана чувствуваше дека старее, опаѓа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не измина ни шест часа од разговорот со татко му, а тој пројури на својот облеан во пот и пена коњ низ Челница, главниот влез на старата охридска тврдина.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А кога измина сиот тој пламен, оставајќи по себе миризба на испрелена волна од неговото облекло и искрички, што шетаат по изгорените лисја гаснејќи, тој можеше да открие дека пламенот беше го зафатил скришум од него целиот пар, на кого беше запален, и сега веќе требаше многу мака за да го задржи во рацете сето тоа затлеано, трпеливо горење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Причека додека изминаа девојчињата и оние чие што место не е меѓу нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја изминаа масата, се приближија кон шаторот, заодија натаму па зад шаторот и од другата страна одоколу додека не се најдоа пак кај масата. Ни жива душа не најдоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Неколку дена спокојно изминаа, не донесувајќи ништо ново, ништо надвор од обичните секојдневности.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пладнето веќе одамна беше изминало.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Беше изминала скоро една недела и јас заборавив за тоа, кога Вера, една вечер, покривајќи не по обичајот пред спиење ни рече: - Сакам вечерва да ви раскажам една вистинска приказна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Откако изминавме неколку улици Марина се запре пред една барака и ние со неа влеговме внатре. Баба ѝ нѐ пресретна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нејзиното време, кога како заздравена требало да се јави на работа, одамна изминало.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓу 42 автомобили, кои учествуваа на оваа необична парада, се наоѓаше и еден „Мерцедес“ од 1907 година, доајен меѓу ветераните, кој за шест децении изминал над еден милион километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Треба подолго време додека со автомобил се измине овој чуден, необичен „оранжериски град“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ноќта изминува, а Капинка се бапка, се тепа, ја удира главата на перница. Ја дроби сламата во перницата, излегуваат осилки и прашина околу главата нејзина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ајде, велам јас, и одиме, излегуваме нагоре. Ја изминуваме Горна Црква, се растргуваме со добиците. 200
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го врзав Чако и колку да ја изминам воденицата, чув како тропа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бргу-бргу изминало по патот, здраво и живо. Каде одело, што одело, не знаеле, не го прашале.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Годините што изминаа длабоко го врежаа во прстот на Крстовица прстенот што секогаш остана чист.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе