жолто (ср.)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
- Сакам сѐ – вели Лидија – сѐ, сѐ зелено, сино, бело, жолто... – и веќе таа сака да плаче.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
И тогај, над нашите балкански предели кога да зажари лето, кога да надојде жетва, кога да згаснат сите други цветови, тоа сивкасто стебленце ќе проговори со сета своја тага: на врвчињата на боцките ќе се покажат црвени крунички порабени во жолто.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Презриво ми ја подаде фигуринката – беше само обично книжно топче, премачкано со жолто.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Еден кров бутка друг, шилесто е, повредува, крвари долж светилките, долж улиците во сино, во црвено, во жолто...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Пред мене гледав веќе како почнуваше да се меша жолтото од сонцето и изгореното жолто долу на земјата и како полека сето тоа станува пепелаво.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Беше попладне, денот врел. Жолтото од ридот и синото долу кај водата се допираа, се палеа и се гаснеа едно со друго.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)