жолтоок (прид.)
Рамнодушен за сѐ околу себе, покорен и совладан, коњот тегне во својата запрега уште една судбина: бел, жолтоок пес, уличен мангуп, безопасен и зад решетки и на слобода.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Забелот, како изделкан од огромна грамада стврдната смола, можеше да крие во себе други еребици што ме исчекуваат со залепени гради за суви тревки и слични на безживотни базја, или криеше жолтоок лисец со мудрост и итрина закопан во некоја грмушка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Отфрлен и потценет од угледните бегови, жолтолик, жолтоок и жолтобрад, под широката облека со повеќе коски отколку што му се нужни на еден мислител, не сфаќајќи дека попусто крева глас и дека дури и селаните бегаат од него, се решил да појде во Стамбол и да ја обвини грабежливоста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)