вис (м.)

Беше планински чај, Змејко летоска го имаше брано по висовите и камењарите над рудините уште нераспупен, го береше за дома, но секогаш остануваше и тука по некоја китка да се најде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А Јон, стопанот мој, не гледа кој го турка, Тој натемаго, не гледа дека над голем вис го носи, над провалија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ете на тој вис дојдовме. Живееме ко змијата во трнот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми го менува одењето: ме влечка по некои стрмни висови, кон некои пропасти. Јас ја држам, ја стискам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас, Никифор, Коста и командирот Џоџо во колибата, а другите — еден вис подолу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Над некој вис, над некоја клисура.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Хрватскиот претседател носи бели сакоа како и Тито (убеден дека ги носи како Европа); им дели на децата праски од својата градина (Тито од своите градини им праќаше на југословенските деца кошнички со мандарини); го бакнува, го штипка за образите и го крева во вис (секако, пред телевизиските камери) секое дете што ќе му се најде на патот (и Тито со задоволство ги цмакаше децата).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Молејќи се така, куклата стоеше со раце подадени кон висовите, кога небото прозгрмоти и како да се спушти.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ова е барем јасно: кога посакуваниот полусон, некоја опиеност предизвикана во длабочините, како да е од мока, со еден трепет, дрско, ќе и прискокне на свеста? кога, за жал, ќе бидеме испалени во вис, кон светлата?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од ѕидиштата тогаш истрчаа глувци- стаорци и во ќумиња го зацрнеа патот кон градот, дел стрчаа кон висовите на Калето, дел запливаа во водите на реката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се качив горе кај Гупешкиот манастир, на висот. Оттаму, преку долот, се гледа просторот на Долнец како на дланка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Поминаа повеќе од две години од настаните, кога јас повторно се најдов на висот спроти Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Над клепките ѝ се виорат снежните македонски висови.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Доначудување немаа ни откако правта слегна и се растргна, враќајќи им го пред очи селото какво што си го знаеја, но им остана да нагодуваат каде застанала колата, додека најпосле не се досетија дека застанала пред одамна испустената и во скреби зарасната куќа на одамна изумреното и поштомено семејство Веговци, на висот над реката, речиси над село.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)