високо (прил.)

– „О јас сиромав, си рекол сам со себе, угоре високо, удолу длабоко, да се вратам, кај џевнем да одам?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но ако го споредиме српскиот шовинизам со бугарскиот национален индиферентизам и ги разгледаме од македонско, па и од општочовечко гледиште, тогаш ќе треба да признаеме дека српскиот шовинизам, како резултат на основно изучените народни интереси, стои многу повисоко, и многу погоре од бугарскиот национален индиферентизам, којшто е резултат на отсуство на секакво разбирање на бугарските државни интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нема ли бел ден, нема ли ден да е над деновите, ден да е на аргатите - ден - с’лнце вишен високо ден - море ширен широко, с’лнце да запре, да стои и времето зачудено: срцето пука обрачи и плиска знаме алово, срцето што се отвора и шири ширно широко - целиот свет да загрне!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Жилите да пуштат корења длабоко плодови да бликнат високо, високо слободно на воздух!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Да скокнам преку пенџере, високо е, ќе се отепам; да седам нема кој да ме одбрани, ќе ми ја земе честа...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мече гордо се исправи, го крена високо знамето и ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сонцето се извиши високо над Беласица, припечувајќи силно и заливајќи им ги лицата со пот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
1 Зад последните куќи на нашиот град, сред бавчите, покрај два реда вити тополи, што стојат високо исправени крај јазот има една голема сламена колиба, во која што сега никој не живее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тоа беше Кузман, осумнесетгодишно момче, високо и танко како стебло, со долги млитави раце и голема глава.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој го чувствуваше тоа и одеше полека со високо дигнати раменици и цигари в уста.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Митра виде оти и оваа грижа Доста ѝ ја префрли нејзе и почна со нарачувањето: — Ами, шо ќе земиш? — почна на високо да му вика на Стоја.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мудурот, мифетишот, ќатипот, мулазимот, даскалот Бино, Колобан, Суло колџијата и коџобашијата Трајко Лесната, слегоа од балконот на Влашкиот ан, откаде од високо денеска го гледаа орото, и, нога занога, сите џумле, влегоа во портата на коџобашијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едни објаснуваа на другите дека е поарно сноп да се вади, други велат „пресек“ е поарно, ама „високо посегна агата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Каде што ќе застанеше дедо Геро со четата таму високо ќе го кренеше знамето на кое пишуваше СМРТ ИЛИ СЛОБОДА.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Веднати, тие се губеа во високо нараснатото жито и само одвреме-навреме по некој ќе се исправеше колку да излезе од заветот, каде што беше пеколно горешто, и да го фати малаксаното ветре.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ногата треба дасе сече високо над коленото“.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Високо над дабовата шумичка, со уште необновени лисја, кружеше орел.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа сега злобно се кикотат роеви чавки и затоа кога ќе се смири, високо над градот ќе запискаат жерави.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И тој неочекувано извади од длабокиот џеб две стуткани стотки, ги крена високо и удри со тупаница врз масата; ја покажуваше волчата челуст, црна и длабока болка во која тапо јачеа прашања.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некаде ѕвони. Шибни ме високо и бездно.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Повеќе