веш (м.)
Се лепам, се смалувам низ твојата топла кожа со наежени влакненца, лесно навлажена од потта кај рабовите од вешот: - Остани со мене.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Фјодор станува, ги соблекува своите пижами, својот долен веш и ја опашува сукњата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Фројд бил папучар со надреалистички очи вперени во валканиот веш на неговата снобовски дебело нашминкана жена.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Некаде во тоа време, во тивките снежни зимски ноќи Рашела везеше сини шари на платната за својот мираз под будното око на мајка ми, која ја подучуваше девојката на нови, сложени везови, а самата го крпеше домашниот веш и нашите чорапи, непрекинато и со тивок спокоен глас кажувајќи ѝ којзнае какви сѐ не приказни за тајните на бракот и стапиците на животот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Излезе дека некоја другарка или другар ми земале долен веш и ми направиле лоша магија, да не ми тргнува ништо во животот, така што во сѐ да имам кочница.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Јас во категоријата на жени кои секогаш чекаат, домашниот „дозер“ кој опслужува и усреќува некои други перачки на веш и постелнина во машини „Горење“, затоа што така нѐ учеле, си молчев и не прашував.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)