вештина (ж.)
И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата*: на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халедеите и Асирците - астрономијата, гатањето врачањето, маѓепсувањето и секаква човечка вештина; на Евреите пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сѐ на неа и сѐ по ред како што пишува; а на Грците - граматиката, реториката и филозофијата.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Не ги знаел будистичките вештини и болувал од висок крвен притисок.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ќе влезат во вештина на чад и низ клучалката доколку не им отворам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Му покажуваа ретки вештини за да го вратат во живот и кога се уверија дека тој ги гледа како да се најнезанимливото чудо на светот, се распашаа и првпат во животот станаа насилници.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Да ги сложуваш тие луѓе и да ги редиш на рафт како актофки, не е ни вештина ни новост.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Го сочекаа кога излезе од станот и со вештина на рибари кога ја фрлаат во вода својата мрежа го сплеткаа во долг платнен оклоп, а тој, пред да се почувствува како мумија, сфати сѐ што може да сфати здрав човек и крикна, се разбесни, пожали што не му се рацете слободни со громови да ги милува ниските чела и полните бели усни, сфати дека му е наместена игра и дека е волк в стапица.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Покажи ја твојата вештина и испари се одовде.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Арсо го зграпчува детето со брзина и вештина сосема неприфатлива за избезумениот Французин.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Саздо со стравопочит гледа во Мишко, очигледно одавајќи му признание за вештината во свирењето.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Може да се штеди и бензинот, и плинот, и парното греење, и дрвата, и облеката, и чевлите, може да се штеди ако не се прејадува, ако не се препива, може да се штеди ако непотребно не се патува, може да се штеди ако не се фрла, кине, валка, гази - може да се штеди, добри мои, на илјада начини, а не е потребен наук за да се совлада вештината за штедење.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А тоа, отстојувањето на Имотот, во градежна смисла, сѐ до средните шеесетти години на нашиов век, кога се урна господарската живеалишна зграда, се должи покрај на отпорноста на градежниот материјал (камен, малтер од негасена вар и дабово дрво) и на вештината на градењето, уште и на итроста, грижливоста и жилавоста на неговите стопани, а потоа и на една, иако понижувачка, среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
При сето тоа, при поругите и клеветите изговорени на сметка на неблагодарниот слушател, а за потврда на вистинитоста на своето раскажување и за потврда на својата раскажувачка вештина, зема да набројува дати и личности уште од пред времето за кое раскажувал, кои на овој или оној начин удриле свој печат врз животот во Потковицата и врз животот на сета Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Садриазамот се сврти спрема старецот; тоа, да не ја нападне првин главната цел, туку да удри на неа, со сите расположиви сили, дури откако ќе ја обезбеди заднината, беше основа на неговата воена вештина, па сега, упорно загледан во старецот, се прашуваше дали тој не го лаже, дали навистина луѓето се избегани на Имотот?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ме најдоа на провала. Бев за разум повисок од мојот старец во таа вештина но сепак ме најдоа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Штета што никако не можам да го натерам да прифати, зашто мене од сите борачки вештини ми се допаѓа токму таа што толку пати сум ја гледал на филмовите со Брус Ли и Нинџа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се разбрале меѓу себе со таен јазик на срцето, немо, скоро со вештина на ѕверови и со трепет што минувал од еден на друг: да се истрае, да се стори она за кое сите како еден на поаѓање дале клетва пред Успението Богородично на живописецот Михаило.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Одродени, откинати од татко, мајка,од вера, од браќа и сестри, од сите свои уште како деца на возраст од 12 до 15 години, во името на законот, односно данокот во крв наречен девшурме (одбирање), ги учеле во Цариград, во специјални воени училишта, на сите воени вештини, па кога ќе завршеле, стапувале во елитните воени единици како јаничари.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Две турски гастарбајтерки со завист ја посматраат неговата жестока вештина.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ѕвездоликиот геометриски образец (знакот на Соломоновиот жиг) се јавувал дури на крајот на магистериумот (вештината), како знак дека опусот е успешен.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Квадратурата на кругот е една од најчестите алегории за освојување на вештината. Basillius Walentinus, алхемичарот од 17 век, ги поврзува квадратот, кругот и креветот за да ја изрази следнава идеја: „Креветот на Мајката кој до скоро беше квадрат / Наскоро ќе стане Кружен.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)