ако (сврз.)

И ако прашаш во кое време , знаат и во одговор ќе речат дека тоа станало во времето на грчкиот цар Михаил, бугарскиот кнез Борис моравскиот кнез Коцељ - во годината од создавањето на светот 6363*.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ако, пак, некој рече дека не ги донаправил добро, бидејќи и сега се доправаат, и на тоа ќе одговориме: „Исто така и грчките многу пати се поправани од Ахила и Симаха, а потоа и од мнозина други.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ако, пак, ги запрашаш словенските книжевници: „Кој ви ги создал буквите и кој ви ги превел книгите?“ - сите знаат и одговарајќи ќе кажат: Свети Константин Философ, наречен Кирил, тој нам ни ги создаде буквите и книгите ги преведе, заедно со брата си Методија. Уште се живи оние што ги виделе нив.“
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
А ако сакаш, почуј, немој солзи да те душат! Ќе раскажам што знам за сѐ.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Живееше тој во Малесија, каде што секој кога ќе тропне на врата наоѓаше заштита, ако на стопанот некој од нив му убил и брата.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ако ли не, кат пораснеш, ког' јунак ти станеш, срце ти кога затупа, в жили крв заврие, негли, синко, ште отплатиш на мој клетиј крвник...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
А та нему: „Слушај, Божин, ако не ме земеш, сама ште ти дојдам, Божин, бегалка ште станам, татка, мајка ште оставам, љуба да ти бидам.“
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Чунки сам знаеш ти стрико; те молам, стрико, ако е кабил, кажи ми како ти е името? ( „Името ми е, Силјане, му рекол домаќинот, Аџи Кљак-кљак, внучко!“)
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ако не веруваш, Силјане, оти човек се прави штрк, еве јас ќе се искапам за да поверуваш".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако се Бугари, арно, - ќе се разберам; ами ако се Турци или Власи или Арнаути, како ќе се разбирам за да зборувам?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако, на пр., г. Станчев е претставник на кнезот, а не на Бугарија, тогаш не се такви Цоков, Бешков и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако нѐ прашаше некој Турчин што сме – ќе му одговоревме дека сме или „каури”, т.е. неверници, или „раја на царот”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
71. Ако се споредат тие со помоштите за Бурите /Трансвалците/, тогаш ќе се добие голема разлика, зашто за борбата на Бурите се интересираа многу повеќе од нашата борба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А ако загинам, нека ѝ е простено од мене, нека се омажи!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ако се вратам жив и здрав, пак тебе ќе те земам… Се разбира, ако ме чекаш…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Јас морам да заминам. Ако останам жив, моја си! Ако загинам, нека ти е простено…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
ЈОРДАН: По сојот ти се гледа во кое време идеш! Ако си маж, дојди денски!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не прашаш, ако дојде комисија, доктори! Тебе ич глава не ќе те заболи! А мене? Трап - илјада динари!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ако има господ, треба да ни се врати таткото, домаќинот, мажот... (Резигнирано).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Повеќе