акорд м.

акорд (м.)

Ќе затрепетеа чувствително искинатите акорди од нивната гитара и ќе се слееја со гласот на малиот певец.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Два најниски акорда на темната клавијатура на облаците се судрија Два погледа под искрите нивни се зачудија Четири бели раце низ темнината на дождот вознемирен се побараа Се доближија се најдоа со болката со смеата со занесеноста стара...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Обична слика а јас ја запомнив со сите нејзини бои и акорди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Пријателе.“ Скината нишка, смрзнат акорд.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тромаво, скоро сонливо се огласи гитара; нејзините акорди беа лепливи и се плеткаа во мрежата на синиот чад.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како згрчена дланка ќе го сокрие во себе. а тој ќе знае дека акордот е сонуваната болка. тој акорд треба да остане таму, под клуч, в самица. никогаш повеќе луѓето да не сонуваат ножови, никогаш повеќе да не го чујат чемерното крцкање на прстите, стиснато околу неиспеано грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од пијаното одекнаа акорди од тажниот валс на Чајковски.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но бргу се исправа и сега веќе нежните акорди на „Месечева светлина“ се заменети со нешто морничаво, сега веќе Брукнер го заменува Дебиси.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
На мала масичка голема вазна со цвеќе, на ѕидовите слики, во еден агол пијано; таму е Мишко - изведува нежни акорди.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
На масичето крај фотелјата лежеше „Пронајденото време“, последниот акорд на Прустовата сага за Времето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
За чубур крв смртта ќе штрека со голите заби нечуен акорд, за крв и за куп жили и за коски подземјето со татнеж ќе ја разгласи хероиката на непостоењето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како блуз пианист, насетував дека со Лолита – Јасна треба да отпочне од некој лев акорд, на пример Фис-мол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Следуваа масовни револуционерни песни. По првите акорди, татко ми го затвори радиото. Доста беше за овој ден, и премногу.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Поради тоа е јасно дека под дејство на дрога ниту уметникот како креатор, ниту реципиентот како сведок на креацијата нема да можат на целосен начин да ја сфатат убавината на архитектонското дело или музичката симфонија како збирен израз на поединечни запазувања, хармониски созвучја, акорди, златен пресек и.т.н.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мистичните акорди на меморијата” се метафора за националноста на Абрахам Линколн, која сега може да се искористи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Околу нив илјадници жаби си пееја себеси во необјаснив сплет од променливи акорди, во слава на некои неодредени принципи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сега вие гледате - и не бидете изненадени ако барајќи ја загубената нитка го пронајдете Загубениот акорд, Загубената генерација или Загубениот баталјон од Првата светска војна, десетте изгубени племиња на Израел (коишто во своите ранци ги носат двете загубени книги на првобитното Седмокнижие), загубениот континент Атлантида, Луј XVII (Загубениот дофен) од Франција, илјадниците исчезнати од латиноамериканските диктатури на нашето време, делата од класичното доба изгубени во христијанскиот мрачен Среден век, загубените ремек дела од уметноста и науката коишто веројатно би ги произвеле жртвите на нацистичкиот холокауст, загубените градови во Африка, разните загубени илузии, прилики и цели, загубената младост и сон, загубените уметности и јазици, загубеното време кое никогаш нема да биде повратено или надокнадено, целиот восок којшто Бенвенуто Челини го изгуби додека излеваше накит според методата која се вика cire perdue, а на што вашиот автор без пиетет се сеќава секогаш кога ќе ги здогледа рекламите за производите на живинарскиот концерн од Мериленд, „Франк Перду“.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И со трагично - гротескни акорди во пејзажот на смртта...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Молскиот акорд А беше очекувана смисловна перспектива, кога музичарот и виолината без напор ги прескокнаа ѕидот, оградата на балконот, толпата пред фонтаната со боза, градот итн.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се сеќаваше и на мигот кога успеа да го исвири првиот акорд што личеше на некоја од песните што ги слушаше во тоа време, но не можеше да се сети дали беше „Два динара, друже“ или „Лутка са насловне стране“ (како само вкусот се менува со годините, оти сега никој не можеше да го натера да слуша Рибља чорба).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Повеќе