јад (м.)

Проговори... И целата покуќнина од темел ја претури од силен јад.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А јадот толку растеше... Го исплака без време избраникот на својта град.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
На полици книги во преврска златна Редом наредени стојат, Книги с хилјадници на душа му матна Жл'чка му кревајат и јад.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Доста, бабо, плака, стенка, избриши си с'лзи, раскажи ми твој'т помин, јадове и глоби.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Раскажи ми твој’т помин, јадове и глоби, милвам ја да слушам, бабо прикаски од баби...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
На пепел троскот, пелин! Во огин пламен јад!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Сал не скоривај јадови! на стари, добри мајстори!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Покрај ниви, покрај лаки покрај сниските брегови, вода тече - вода влече селски с'лзи, селски маки селски таги и јадови.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ој, Вардаре, бистра водо, течи, шуми низ долови, рони карпи и брегови, носи маки и јадови.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Тоа секако во неговиот душник јадот лелееше спарушена трева.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Заплашувањето на првиот зимски здив внесуваше во нив бес - луташе таа мафија по улиците и оставаше зад себе јад и солзи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа беше безгласно смеење на човек што не знае да заплаче, туку, сеедно, и на друг начин го искажува својот јад.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мојата ноќ е зелена како јад; одгоре, крај да не ѝ видиш, виси бесила од кобрина кожа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пред тоа стоев пред перченце огледало и гледав како ми побелуваат очите од грижи, од јад заради човечката пакост, заради зашвајсуваноста на полициските срца.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кој каде се наоѓаше бараше камења да се нафрли на бунтовниците и со тоа да си го излее јадот над овие непокорни ѓаури.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овој се намурти кога Анѓа го фрли ибрикот и стана простум, тресејќи ја својата побелена брада со јад и силно се провикна – Тука да се донесе таа кучка врзана – и строго ѝ се овргли на Ајша, оваа излезе низ вратата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бузо вриеше од јад. Ги гризеше усните и, како кип, скаменето гледаше во оние што минуваа крај него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таа со јад во срцето почнала да ги собира.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Фазлибеј ќе пукнеше од јад кога разбра дека се свампирил Толе Паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вака, в глава, на место, ќе си останеме, да не тргаме маки и јадови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе