школува (несв.)
Беше како куќичките што се цртаат на честитките за Новата година, речиси иста како онаа на честитката, што му ја испрати неодамна неговиот син Јовко од градот, во кој се школуваше во гимназијата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, таа сѐ уште не се чувствува добро и води борба со француското социјално осигурување да ја вратат во болница, да продолжат да ја лекуваат и да ѝ овозможат да го школува својот син.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Како и други Словени кои своето образование имале можност да го добијат во Византија, се школувал во Солун, каде што се собирале познати личности.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Еден висок функционер ни чита на српски, а Оливера ќе рече: што е ова, Небеска, да не нѐ школуваат за Срби?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа ќе се школува кај скадарските језуити каде што ќе се зближи со западните јазици и култура.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ќе продолжи да се школува, по препорака на своите француски професори од Цариград, првин во нормандискиот Лизје, потоа во медитеранскиот Каркасон, а ќе студира романска филологија на Универзитетот во Дижон, ќе слуша две години предавања на Колеж де Франс.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И, откако вујна Клементина ќе го избере вистинското училиште за својата миленичка, една вечер, доцна, на својот сопруг ќе му ја изнесе идејата, внуката да се школува на француски јазик, кај солунските лазаристи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Зар е тоа судбина: мажите да се школуваат, а девојките да се жртвуваат?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Историјата на мајкиниот егзил може да се сведе на нејзиното живеење на грчко албанската граница (во родниот Лесковик), во гратчето Јанина, каде што се школувала, потоа животот на албанско-македонската (југословенската граница) во Поградец, во сливот на изворите на Охридското Езеро, патувањето во 1939 година со Татко во Италија, и потоа патувањето од Струга во Тирана во 1943 година, како и последното патување во животот, во 1974 година во сталинистичка Албанија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)