школуван прид.

школуван (прид.)

Убеден сум дека за мошне кратко време, освен тенкиот слој на македонската интелигенција школувана во бугарските училишта, народот ќе го отфрли бугарскиот јазик и ќе го прифати македонскиот, односно мајчиниот, бидејќи ќе нема потреба да го учи, како што со мака го прави тоа со бугарскиот јазик.”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како некаков почеток можеме да видиме дека пазарот за следниот Божиќ ќе бара тимови лингвисти, психолошки добро школувани писатели и луѓе, коишто можат да доловат посебни ефекти за развивање на новиот модуларен јазик, којшто се заснова врз „меми“, сајберноти, што меѓу себе ги поврзуваат зборовите, иконите и структурите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И дека школуваниот дух може да ги насочува внатрешните панорами.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Затоа ние денес покрај толку школувани луѓе речиси и немаме интелигенти за самостоен живот”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ти ќе им кажеш на докторите која сум. Дека сум школувана... Паметна... Не сум за овде... Здрава сум!"
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сигурно сметал дека еден туѓинец како него па уште и школуван можеби би можел да му каже нешто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ни крив, ни должен, како и многу други врвни албански интелектуалци, школувани во разни европски центри, ќе се најдат на нишан на албанскиот репресивен сталинистички апарат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Земјата брзо се осиромаши, школуваните умови, создадени своевремено паралелно со тешката индустрија емигрираа во САД, Канада, Австралија, дури и до Нов Зеланд...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Недоброј од сиромашни занаетчии, наемни работници, ситни трговци, иако мноштвото го надвисуваше елита од духовници, интелектуалци, индустријалци, лекари, голем број школувани луѓе со силен јудејски идентитет, но и со искуства и погледи што силовито го внесуваа францускиот запад и неговиот дел од европските вредности.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Младиот државен секретар, со својата смиреност, повлеченост, но и со репутацијата на школуван кадар на високите европски и американски универзитети, особено во доменот на безбедноста, на многумина дипломати ќе им остави посебен впечаток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тешко ќе ме разбереа. Беа други луѓе во министерството, други генерации школувани дипломати.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шокирана, не можеше да зборува, но малку собра сила: „Татко, Петар му е пријател на Тодор. Учител е, школуван...“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Немој ти мене школуван, ваков – онаков!!! Како се осмелуваш?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таа беше школувана жена и како Мајка, имаше разбирање за порокот книги на својот сопруг, ако тоа беше навистина порок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)