шар (м.)
Значи, двете пропаганди не спорат само за земјите на с.з. од Шар Планина и за оние делови од Серскиот санџак што се крај бугарската граница.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бугарија е не помалку великодушна по македонското прашање кон Србија: Бугарија признава Срби на с.з. од Шар Планина; сета друга Македонија е бугарска, според Бугарите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Вардаре горд, подзапри си го одот, Шар планино, наведи главата, бујати гори, молкнете со шумот – денес паднаа Мирче и Страшо.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Потоа луѓето се нафрлија да купуваат алатки за работа: искупија плугови, гребла, копачи, мотики, сорови, клинци, шари и зафатија да ги поправаат куќите и плевните, да ги ораат нивјето, да сеат, да садат, да ги режат овошките; го тераа добитокот да пасе по планините и високите места каде што тревата беше чиста.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Од тактички причини герилските бази за операции, според капитанот Морган, требало да бидат во областа Пореч, Маврово, Шар Планина и Бабуна.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)