шармантен (прид.)
Мама претерува кога вели дека сум бил многу шармантен со нив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
По неколку денови, откако допатувал во Њујорк, и практично станал непознат писател, Набоков во малиот филозофски есеј „Определби“ ја нарекол Франција бескрајно шармантна земја, каде на рускиот човек му е најлесно да си ја спомнува својата изгубена татковина...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Како пред голема, неочекувана добивка на среќата, куклата овргали: - Вие не само што сте многу привлечен, туку и опасно духовит, неверојатно шармантен.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Зуи внатре
шармантниот шум на душата
ја влече назад
но таа
по сѐ изгледа
ќе стане од леглото и
- по кој знае кој пат -
ќе се врати во стварноста
без лажна
надеж.
За жал, добата на
лесно
самозаблудување
за неа
е далечно
Минато.
Депресија: квечерина
Раз-сони се.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Да научиме да гледаме, слушаме, мирисаме, да ги вкусиме најмиризливите зачини на животот, да бидеме шармантни, харизматични, лесни како воздухот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
„Ах, каков господин, какви манири, каква рафинираност и деликатност! Многу шармантен маж“ рече Тамара.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И после толку многу години талкање и осаменост се појави од некаде, затскриена, уникатна, комплексна, енигматска, екстравагантна, филозофска, авангардна, искрена, сензибилна, шармантна, со целата своја гламурозност и раскошност воскресна „големата слика на љубовта“.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Секоја шармантна на свој начин.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А, жените плачат зошто повеќе нема кадарни, сербези мажи, шармантни и галантни заводници, севдалии, внимателни, полни со љубов и разбирање, џентламен и совршен сопруг.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)