чува (несв.)

Го нема, кутри, Кузман ваш кој како своја зеница ве чуваше вас сите и крајот свиден роден наш!"
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Па го карах и го учех себе си да чуват, да не казват љута дума Турчину си нигде...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Господ да ме прости, неарно сторив, ама пуста лутина човечка е лоша, тики човек колку да се чува да не греши пак ќе згреши.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Таму, т.е. на Косово Поле рекол господ да си ја загубиме царштината за казна затоа што не сме ја чувале верата чиста.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И тие што се од последните, не се да го чуваат и да го подигаат значењето на Бугарија, а да го намалуваат и да го исмејуваат, и себеси и својата држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Спротивните аргументации не даваат можност да се најде која е најправата и затоа Македонецот решава дека сите се лажни и дека има само една непобитна вистина: Македонците Словени се Македонци и Словени, следствено, треба секој Македонец да ги чува интересите на својата татковина и на својот народ, а не интересите на пропагандите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СИМКА: Чувај се од студ, од мраз, Костадине! Фанела да си носиш.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Немој на ветер да ми гори електрикот!... (На Зафир). Вечерва тебе ти е редот да чуваш. (Си оди).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СЕЛАНЕЦОТ: Што ќе правиш, ќе ја раниш и чуваш, дури да не дојде и да и го удриш ножот во вратот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Чувај, боже, ќе фати и да пие! (Се тргнува.) Ама кое време ли е, боже?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Поумен од него! Да ме чува господ!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Уф, кандилово угаснало! (Клекнува пред иконата и се крсти). Свети Никола златен, варди ни го и чувај ни го батета од лошо. (Ја откачува иконата од ѕидот, ја бакнува и пак ја става на местото.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Свети Никола златен, што ги ведриш и облачиш морињата, варди ни го и чувај ни го Анѓелета од секакво лошо; однеси ни го здрав и жив на местото.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Ако му била добра работата. Зависи од тоа што работел. И али умеел да чува.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Чувај, од овие две раце чекаш... дури и тие некој ден не се исушат... (преде на фурката. Пауза). (влегува поп Јанче и оди кон баба Анча полека играјќи се со бројниците).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вие ќе си спиете внатре, а баба Анча овде, под црницава да ве чува. Блазе ви!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Домаќинките не одат по комшии, си ја чуваат куќата своја и си ги гледат своите работи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Облекла Стојна руба партизанска, отишла Стојна во гора зелена: „Горо ле горо, горо зелена, горо зелена, шумо бујата, чуваш ли брата, брата Јована?“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
А желката Поповиќ влегуваше бурно како војник во училницата, киваше и бараше во хор да ги повторуваме последните зборови на убиениот крал: - Чувајте ми ја Југославија!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И брзо, неповрзано и нејасно ги заплетка зборовите прскајќи нѐ со ситни капки: - Сум ја чувала, и сум ја гледала, и сум ја ранела осумнаесет години, проклета да е, и сум бдеела ангелски над неа, а таа - ни благослов да побара од мене, се фатила кучката со некој пијаница, и ајде без збогум, како да нема мајка, а јас овде од грижи се сушам, не зела ништо топло со себе, може да настине, чедо мајкино, тој не ќе ја чува, пак мајка ќе побара, а јас...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе