транс (м.)

Чадливата светлина откриваше јама полна со суштества чудни, развлечени, искривени и измешани во едно неодредено тело, со многу глави - еднооки, оптегнати и разиграни во транс.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо паѓа во некаков опасен транс, лудило што не знае за мера и граница. Тој сѐ повеќе се дразни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Околу пладне, кога минувачите ја полнат улицата, тој скокнува, започнува да вика овладеан од изненаден транс.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Влегуваа во некој транс со замижани очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секогаш беше загрижена и секогаш во транс.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во една прилика еден извежбан, професионален хипнотизер ме внесе во транс пред десетици луѓе при една демонстрација во неговата куќа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Наскоро бев во состојба да го индуцирам вообичаениот феномен на транс со стандардни методи и применував хипноза во терапијата со пациенти првите години по дипломирањето, во армијата и во Глазгов.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Можам ли да кажам, набљудувајќи и испитувајќи, дали некој е во длабока медитација, длабок транс, под хипноза, се преправа дека е парализиран, навистина парализиран, целиот смрзнат од страв, или всушност може да се движи, но не смее и не го прави тоа?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Излегов од транс. Гледав во робата, мислам, со тап, стаклен поглед.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Запаѓаше во глумен транс кој сакаше да го пренесе и на осудените слушатели.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Никогаш не ја заборавив сликата на разиграните дервиши како занесено до транс играа и скокаа, бодејќи се на крајот со долги и тенки куки кои влегуваа од едниот, а излегуваа од другиот образ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас гледав во брошот; го зедов во рацете и го превртував; Јан стоеше отстрана, како во некој транс, како во некое бунило и велеше: „Јас го украдов, онаа вечер, на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Публиката падна во транс; аплаудираа, викаа „Бравооооо!“, и дружината излезе и се поклони: Луција беше невестата, а домаќинот беше никој друг туку – Фискулутурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Познато е дека луѓето под маска доживуваат еден вид транс, затоа што се наоѓаат на тенката линија меѓу идентитетот и алтеритетот, меѓу она што сум јас и она што ме прави маската (не-јас); во таа двосмисленост на идентитетот (како и кај проклетиот формулар што се вика пристапница) се состои трансот, карневалското чувство на еуфорија; во такви услови анално-гениталните опсесии стануваат неминовни (по тоа не се разликуваат партиите и карневалите); и треба да се види допрва зошто двојството на идентитетот, по правило, кај сите народи и култури, се сврзува со анално-гениталната метафорика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Марин Крусиќ замижа комично, небаре во транс.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Суфистите, прочитав во една енциклопедија, се мистици кои ги потенцираат емоционалните аспекти на посветеноста на Севишниот, преку екстазни состојби, кои стигнуваат до транс.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби едино пред уметноста, во состојба на метафизичка исповед и транс!  Насетуваш: небото ќе молсне сеопфатно, како очај.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Согорував во некаков пишувачки транс.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
МИРА: Како Буда. Кога чекорел по улица луѓето што го гледале паѓале во транс од милина. Толку просто и величествено.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Повеќе