трансакција (ж.)
А Јакуза со својата сенишна величина ги милуваше градските бази на податоци, барајќи бледи слики од мене во облик на обележани сметки, трансакции, сметки за купена стока.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Речиси сите бизнис- трансакции се раководени со софтверски програми со кои се комуницира преку мониторите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На нив, изгледа, се забележани податоци за продажба на земја, деловни трансакции и порески обврски.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Глобалистите ги гледаат границите како сè понеодредени и поотворени, трансформирани од економски бариери и утврдени воени линии во мостови за комерцијални трансакции.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Ова и беше сторено, усно на записник пред судот, на последното рочиште, во декември 2009 – но, симптоматично во целиот овој случај е тоа што адвокатот воопшто не ја извести Триманова, како негов ополномоштувач, за вака постигнатата спогодба меѓу него и застапникот на работодавачот – па таа, за цело време, мислеше дека парите кои ѝ се исплатени на нејзината трансакциска сметка [околу 130 ЕУР], на име испратнина, се по основ на донесена судска пресуда!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Платата на работниците правното лице ја исплатува исклучително во паричен износ, преку трансакциска сметка (чл. 8, ЗИП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дури тогаш ја сфаќа емоционалната јаловост на тоа јуначко дело – неговата неможност да го надомести загубениот Патрокло и да му го ублажи чувството на одговорност за смртта на најсаканиот другар.302
Според Илијадата, човечката општественост зависи од одржливоста на чисто симболичните трансакции.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)