сопствен (прид.)

Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оттука многу јасно се гледа колку Бугарите не се во состојба да ги бранат не само нашите, но и сопствените интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
84. Додека сѐ уште чадеа илинденските пожари, бугарската влада навистина побрза да го испрати конзервативниот политичар и државник, туркофил и русофоб Григор Начович (1845-1920) во Цариград за да се погаѓа со Турција за правата на „Бугарите” во Македонија, а не да им дозволи на Македонците самите да се појават како фактор на преговарачката маса за сопствените интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Татко му се фрла врз него и налетува на камата) Умри, умри кога повеќе ја цениш сопствената кожа од народната!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Влегува веднаш по дигањето на завесата, бришејќи. го грижливо со четка фесот на чорбаџи Теодос, оди полека на прсти, зборува тихо плашејќи се од својот сопствен глас.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Таа е негова дејност и негово царство, коешто го воспоставува тој во својата сопствена сфера“, вели Хегел.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Нашиот народ - сеќавајки се на оние денои кога голорак стана против мошна и организирана армија и успеа да излезе победник од таа борба, - црпи сили за великите дела што пак, со своите сопствени раце, ги создава во слободната и среќна Татковина.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Роденден. Каква е таа бесмислена идеја, тој тетребски занес за сопствената личност. Роденден!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- О мајн гот, вели тој. - Ти пак уживаш во сопствената личотија.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Анѓа се осмели да го погледне овој силен Турчин и просто си го виде својот сопствен сурат во неговиот и веднаш се вџаши, па почна да мрда со устата, ширејќи ги рацете за прегратка и вртејќи се кон него. – Ан... Ан... Ан... нгеле, брате!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пет крвави искри на пет зглоба и пет пцости на сувите, набабрени усни, со пет именки во црно завиткани - бог, и природа, и мајка, и смолара, и сопственото семе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ослушувајќи ја со некој внатрешен слух болката во здробената рака, се исповедуваше како пред сопствен олтар: кога имав седум години пронајдов дека чевларот од нашата улица не е некој друг туку самиот сотона.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Каде ќе можеш да слезеш до дното на душата, каде ќе помечтаеш, и каде ќе излееш горчина, ако во домот, ако во твојот сопствен дом не најдеш, за сето тоа, одзвук, ехо...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога му се сипуваа ракија на здробената шепа, воздивнуваа пучно: „Не пиеше, а господ сепак те заборави.“ Крвта се разводенуваше од лутата течност, капеше низ мртвите прсти и си го копаше сопствениот гроб во сувата земја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Вие имате ортома!“ - го слушнува Глигор својот сопствен глас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Смислата на зборовите не проникнува во неговата свест, тој се вовлекува и се опива само од звучниот хаос на римите што го возбудуваат и го обземаат целото негово суштество и, заборавен, восхитен, растопен во еден необичен свет на чувства, разбранувани во неговата душа, тој го слуша сопствениот глас како трепери, се подигнува и звучно се разлева.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Смарагда е неодвојна како негова сопствена сенка, го демне секое негово движење и го гушка и милува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Осквернет тој никогаш не си го позволувал тоа па сега си личеше себеси како да беше истрчан пред сопствениот лов, пред сопствената среќа, а тие требаше само да бидат пресретнати. Среќата како и ловот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние и тоа му го расипуваа. Му го одземаа неговото сопствено доживување на Белата Долина и му тежеа со своето присуство, знаеше добро дека требаше да ги одврати и да не се согласи да дојдат со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По некогаш, мислејќи на сета онаа крв, истечена по сите снегови назад, си велеше дека не би требало да биде изненаден ни ако го најде некаде папсан во длабочината од својата сопствена трага, оној огромен самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе