сопственички (прид.)

Но по улиците немаше чешми, чешмите беа по дворовите, а во дворовите имаше кучиња, кучињата беа одврзани и ‘ржеа со рѓосаните заби по секој неканет гостин што ќе му се доближеше до сопственичката порта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа мора будно да ги користи пукнатините кои одредени врски ги отвораат во надзорот на сопственички сили.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
ЗТПОК вклучи и одредба која предвидуваше дивидендата од акциите, односно уделите што претпријатието ги издава и ги пренесува на Агенцијата, средствата што ќе се остварат со продажба на објектите од општествениот стандард (одморалишта, рекреативни центри и слично), како и дел од средствата чија распределба е утврдена со овој закон, да се користат за обезбедување на правата и за создавање можности за вработување на работниците кои ќе останат без работа заради сопственичката трансформација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
4 Работната атмосфера, особено по доаѓањето на новите газди и смената на дотогашната сопственичка структура, почна забрзано и значително да се „вжештува“: беше поставена нова директорка која ги тераше вработените да работат и за викенди, без да бидат 218 соодветно платени за тоа; се работеше и по цели денови – од 7 часот наутро до 21 часот навечер, под образложение дека на вработените „им фалеле работни саати“ за да ја остварат предвидената норма; перманентно некој од вработените работеше и на празници – без за тоа да добие надоместок [дневница] или, пак, слободен ден; а беше вршен и перманентен мобинг врз работниците – преку разни средства на вознемирување (на пример, тие беа тенденциозно казнувани за измислени „прекршоци“ и дисциплински повреди; често, при пописот на лековите, беа лажно обвинувани дека имаат наводен кусок, односно „минус“ во касата – дури и по неколку илјади денари, а којшто потоа требаше да го надокнадат од свој џеб; беа терани солидарно да учествуваат во плаќањето на сметката за фиксен телефон кој го користеа исклучиво за службена комуникација и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
АВРМ сѐ уште нема постапувано по околу 350 барања, од 30 претпријатија, од причини што сѐ уште не е добиен список за нивната сопственичка структура.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Битен дел од приказната на Ѓорѓиевски е и процесот на сопственичката трансформација на фабриката низ годините – нешто 87 после што многу работи од значење за вработените се променуваат на полошо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Основните мерки за остварување на принципот на еднакви можности на жените и мажите се нормативни мерки од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, социјалната заштита, пристапот до добра и услуги, економијата, работните односи и вработувањето, образованието и стручното усовршување, економските и сопственичките односи, користењето на јавните производи и услуги (потрошувачки права), културата и спортот, информатичко комуникациски технологии, одбраната, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, државната и јавната администрација и други области определени со овој или друг закон со кои се забранува дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)