соголен (прид.)
До година, штом јакиот студ ќе ја запре палавата лапавица и штом по соголените гранки јануари ќе го обележи својот пат со остри кристали од мраз, на ајдучката глутница ќе ѝ се придружат уште четири млади волци, ќе вијат по снежната пустелија, и кога ќе навлезат в трло, ќе ги исколат овците и со замрзната крв на своите муцки ќе се нурнат во маглите на планината.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Една јагула лежи таму во една друга кафеана.“ „Да те чекам ли, брат?“ Клепките на Мирона беа завлечени в месо, очите гледаа срамно соголени. „Немам пари.“ Мирон се заниша на крцкавиот стол и ја завлече раката в џеб.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Оној младич имаше толку остри зборови, со нешто толку волшебно во нив, што само по неколку вечери можеше да го раскопа пред Змејковите очи сиот мраз, во кој беше стегнат тој живот околу него, а за кој Змејко ниеднаш не бил во состојба ни да помисли дека можел да биде и така соголен, разглобен и покажан.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дрвјата веќе беа соголени, лисјата покапани.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Или така ми се чини дека се соголени дрвјата, безмалку мртви.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од под соголен крак на оревовиот корен се слуша едноличен копнеж на невидлив штурец.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сета глава да ми е соголена. Само неколку влакна да ми штрчат на темето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Соголената черупка, крвава, исклештена и кобна, врзана во вилиците со последни нишки месо, некој, најверојатно молчаливиот бабачко од Анадол, им ја грабнал на пците и ја наместил на кол пред Али-беговата воденица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неколцина другари на стројниот стрелец Рамиз-бег, пред тоа прострелан низ гради, со тешко и соголено стебло ја пробиле окованата врата на куќата-кула, се качиле претпазливо по тесни басамаци и го нашле безумникот вкочанет; нечија пушка во ноќта сепак му станала судбина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога ќе ги затвореше очите и ќе застанеше мирно, без никакво движење, вкочанет, можеше да си замисли дека стои сред некаква низина, а зимата е без ветер, без ниту една куќа, со стотици километри наоколу и дека придружници му се само празните речни корита и соголените, суви дрвја.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Надминувајќи ја епохота, делото упатува на маниристичкиот тип на човек, на духовито-меланхоличниот денди, чиишто севкупни настојувања, според Бодлер, треба да бидат насочени кон тоа да биде „возвишен“, да „живее и спие пред огледалото“ („Моето соголено срце“).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Борхесовото дело е чудесна творба, јазик чиишто бои се прелеваат, облик кој самиот се содржи, соголен приказ на историска стварност.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се разбира, Граси е доволно голем уметник за тие прашања да ги поставува во ваква соголена форма.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Незадоволствата што произлегуваат од неговиот соголен, незадоволувачки живот, намерно се насочуваат кон надворешни цели со помош на изуми каков што е Двете минути омраза, додека размислувањата што би можеле да го одведат кон неверување или кон отпор однапред се убиени од неговата, од детство стекната, внатрешна дисциплина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И кога стигнавме, кога патот го изврвевме и тој се срони во најфина прашинка под нозете наши и се потроши, здогледавме рамна земја со ситен песок, пустина што се вика, и среде таа рамна земја – го видовме папокот на светот: планина гола, непошумена, гора соголена, висока до небото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За волја на вистината, тоа беше Струмица од којашто на авторот „срцето му се раскажуваше“ поради љубовната авантура со една „азган“ распуштеница со која соголените задници им беа направени касапана од лутите летни комарци некаде на ледините таму каде што сега во Скопје се наоѓа населбата Аеродром.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Според неа, она што таа го нарекува соголена душа е сенката која талка помеѓу двата брега на егзистенцијата, помеѓу мртвото минато и неизвесната иднина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Неговата широка ковчеста конструкција изгледаше како да нема месо, беше како соголена копија од него порано.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Минувачите често ѕвереа во неговата соголена глава како случајни посетители на мала подвижна изложба.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)