соголеност (ж.)
- Однесете го сега во јама, се прекрстил Симон Наконтик: негде зад него, без некој да му помогне, Васко Тушев го спрегнувал добитокот во својата двоколка и во двоколките на мртвите Јане Крстин и Пецо Дановски и само со влажни очи, понекогаш, барал утеха или охрабрување од мартовската соголеност околу себе: ако бил поет ќе ги испеал најтажните стихови на својот народ.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мене нешто ме стега во грлото, нагло ми се плаче, ми се плаче заради моменталното разбирање без зборови, заради ненадејната поплава на топлото братство, заради соголеноста на ситуацијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таквата безобзирност, глупаци, таквите соголеност и бескрупулозност побрзо ќе ги одуваат вашите пашалаци од било каква критика, сфатете го тоа, кретени!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Винстон го гледаше право в очи. Чувството на соголеност, со рацете кренати над главата и со целото тело изложено, беше речиси неподносливо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Му светна дека вистинската карактеристика на современиот живот не е неговата суровост и несигигурност, туку просто неговата соголеност, неговата застојаност, неговата рамнодушност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)