сега (несв.)

Ајде сега!... фаќајте го за нозете да го фрлиме преку пенџерињава!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И како што го стегаше сега безопасниот противник, и тој разлабави рацете и веднаш го праша со истиот старавински говор: — Откај си ти бре, вака шо зборуваш нашинцки?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
II - Нешто малку повеќе од три дена подоцна НЕШТО малку повеќе од три дена подоцна во истата пустелија. Сега се тројца Луков Иван и Фезлиев.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Меѓу сувото и суровото е застанато сега, вели, и гори, гори, така било од секогаш, така е и сега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го следеше Сириецот низ целото Царство, сиот во напнат скок, а сега, кога го достигна во живеалиштето на шумските џуџиња, мирно, безволно го прифаќа изрезбарениот камен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но да го оставиме сега тоа, тоа никаде не води...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што ли ќе е ова сега? Зар се премислил? Не, не верувам!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од антрето веднаш се отвораше голема соба, веројатно првично проектирана за салон, а сега приспособена за заедничко ателје на младата ликовна двојка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога останаа сами и кога попот Ставре отчита тоа што требаше да отчита, па му го подаде на ибн Пајко залчето натопено во вино, црвено како крвта Исусова, тој се скубна уште неколкупати низ брадата, па рече: „Е сега, да не се фалам многу, ама со помошта господова и ја смислив една итрина, сине Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ти сега ќе го проучуваш коранот,” се насмеа бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- О! Сега пијав топло чоколадо!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
СИВИЌ: И сега е сѐ возможно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Уметникот излегува посмирен во салата. Тој е сега наполно уверен дека не згрешил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сам на масата, си мрмореше сега нешто со себе, а издадената долна рилка тромо му се стегаше и отпушташе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бил шест месец в болница. После ја силувал и сега лежи.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Отвори го, велам, а тој навистина го отвори. А сега наведни се нанадвор!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но сега немаше такво мешање на време и на идентитети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој не беше човек кој немаше навикнато на осама, но сепак - тој тоа сега го открива - едно вакво живо суштество, суштество какво што се покажуваше неговиот, сега неговиот, грифон, Грифи, таа негова осама сепак не само што нема да ја нарушува, туку и не ја ни осиромашува...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)