лут (прид.)
- Тој викна и разбуди смелост кај сите; и тогај виорно коњикот летна, држејќи во рацете сабја дамаскалија, лута двеостра сабја од челик.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Мртовецот таа го соблече... Крвави порој, лута и не една рана ...
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
6 песна Јуначкото тело на Кузмана беше од рани лути ишарано цело, што беа се пробиле лесно низ ребрата збрани се до внатрешните делој.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Па го карах и го учех себе си да чуват, да не казват љута дума Турчину си нигде...
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Многу биле лоши, разлавални; татко и мајка ич не ризале, многу ги огорчувале, и зер татко им бил многу лут, така и мајка им, та беа ги колнале многупати, ете зер ѓавол натемаго беше се погодил, чедо, некој лош саат, кога ги колнала мајка им вака: „Синко Сиве и ти ќерко Чуле!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ископајте длабок бунар извадете ладна вода натопете лути рани да не горат, да не болат.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Везден одам, везден траам, везден судни маки чмаам... Глава веднам... С’лзи леам и сред лути рани тлеам.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Не вадејќи ја цигарата од големата уста ја цицаше и ми дуваше в лице лут чад.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се сретнавме под прозорецот на Ана - тој со дигнати раменици како да ќе полета, самоуверен и исклештен, јас подведнат, намуртен, лут.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Не можев да му го видам лицето но разбрав по брзото суво искашлување дека е лут.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Малку благ од тиквата, малку лут од црвените пиперки, малку повеќе солен, елем, залак се топи, пиперки се шмукаат, бардакот се накрева де од еден, де од друг.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Луман додаде: - Ти бев лут како рис, ама молбата на Дика ме смири, ќе ти простам.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Пеце беше толку лут – не знаеше што да прави.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тој и така беше лут на Бошка Манева, но сега, откако чу дека омразата ги фатила и децата, се дојадоса.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Старецот претпазливо го крева шишенцето до мустаќите и се врти кон мене. - Лута, оган да ја сотре.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Млекото ѝ секна, лутите чеда, недостасани за крв, ја кинеа со гласни писоци.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога ќе удри мразот, седат околу огништето, го слушаат завивањето на дивиот ветар и пророкуваат - по лутата зима иде плодна година.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Висеше на жици, а лут ветар свиреше во твојата празна уста.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Затоа во нивните грла клокотеа лути пцости.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Твојот Адам без тебе и без Ева лута му остана само крвта за да им пали кандила на боговите може ќе ти пораснат нови раце никојпат не сум се родил заедно да се родиме!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)