вечер (ж.)

Канејќи нѐ бочвата сите на свадбена вечер — врие од виното таа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во пролетна вечер задумано почива една жена, седејќи на прагот.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Беше вечер, јасен вечер у Прилепа града, по безоблачно ми небо месечина плава, окол неја там безбројни, ситни ѕвезди сјајат, а и ветер тихиј, хладниј лист на дрвја нишат.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Силјан ги слушал тие зборови од жената си и срцето му се корнеше, од жал што му идеше; арно ама канонот, што бил даден треќата вечер, требало да го трга.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ден и вечер си врват, сон не врзуваш. И јас со тебе заедно...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Милувам, да ти е секоја вечер слатка и срцето да ти пее како пролетна песна!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ми зачука, тука ми заигра... Цела вечер сон не ме фати. Мајка, и таа вели, тоа е...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Уште рано изутрина, веќе капнат уморен... А до вечер, уште колку работи... сѐ на нозе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МАРА: Вратава од одајчето и портата да не ги затвораш, вака ќе останат дури до вечер.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Од темни зори на утрини летни до никоја доба на вечери зимни тој гладно пие тагата наша и потта и крвта и снагата ни.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Како би било уште сега да појдам јас каде Антица да ја викнам и уште оваа вечер да ги венчаваш овдека кај мене.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Како што ти кажав погоре ме држат заклучена и од онаа вечер не можам да се видам ниту со баба Анча.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Оваа вечер, подоцна, ќе ти тропнам со камче на пенџерето, или ќе ти свирнам, да знаеш оти сум јас да слезеш. Со мил поздрав твој Илија“...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Јас еднаш сум го чекал цела вечер.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа вечер во уште непосветената црква гореше светло. Молчејќи се доближивме до вратата и ѕирнавме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Првата вечер анџак се извиде Суло со пријатели. Дојдоа Колобан, Бино даскалот и поп Трајко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— А за поасот, можиш да го сопашиш ваа вечер, па одутре тамо ,ќе му се учиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И на кое дете ваа вечер се наречува наредено е така господарцки да живее.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе