вечерашен (прид.)
Во тој миг една од нив се јави во далечината со својот продорен писок и така ја отвори и вечерашната тажаленка на гладот, исфрлен среде тој снег, а сепак толку многу дома. Со тоа завивање сега заплака сета шума.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Вечерашните боишта се градини и плодни ниви, од стопените тенкови се леат детски локомотиви.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Дури ноќта, несоницата со цвилежот на запалената кучка те тера да ги протеруваш нечесните демони од себе, да се тресеш од лазењето на инсектите по жилите, да завиваш под јорганот, додека на стотина метри од твојот кревет, гледачите пред провинцискиот театар, уредно наредени во семејни кругови, чекаат да ги подадат билетите за вечерашната премиера.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Татко му, народниот херој, во својата работна соба, опкружен со томови од сопствените мемоари, дава интервју за вечерашниот дневник.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)