буна (ж.)
Во моменти се тешеа, белким тој нема да ја земе толку сериозно нивната буна, како татко му.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но Селим не беше од типот на татка му што сакаше сѐ да држи во свои раце, па дури и вакви ситни работи како што беше мариовската буна.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Излезе и се замисли длабоко. Како да му ги откри Толе причините за оваа народна буна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Македонија и понатаму остана во составот на Турската империја и стана поприште на крвави буни и востанија и на уште поотворена и поожешточена борба помеѓу странските пропаганди - од една страна и од друга на уште погруби самоволија на императорските власти и беговите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во една таква буна, во касарните во Крагуевац, српските воени власти ги откриле организаторите, меѓу кои биле и двајцата помлади Крстеви браќа, близнаците Цветан и Јордан, и ги стрелале.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Најпосле, пред да почнат големите буни и востанието, Крушовското, во 1903-та, Турците се досетија да го запоседнат Чауле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Што? — Ќе кажам, вели човекот, во Скопје стана буна.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Нас не нѐ бива за буна ни за бој, - не гледајќи во мене рече Додо. –Ние сме само покорни очајници.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Јунак до јунак, момчаци рој... Кревајте буна! Напред во бој!
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Очигледно, во нивниот речник ги немаше зборовите „Буна“ и „ Бој“.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Јас знаев дека тоа ќе оди мачно и со буна во народот, оти сега светот, со новото писмо изгледаше мал, стеснет и премногу едноставен: ниедно нешто за кое немаше слика во писмото на Стефан Писмородецот – не постоеше веќе, тие нештата постојат само доколку имаат име за да можеме да ги именуваме.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Никола Поцо практично учествувал во некои турски походи, или во задушување на рисјански буни и тоа во Тусалија и во Црноборската област“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Еве во рамките на ширењето на невистини како биле објаснети настаните од 6 мај во официјалниот весник “Монастир“ од 30 април (13 мај): „Во минатата среда некои бунтовници, со намера да предизвикаат буна, почнаа во разни делови од градот да пукаат на војската и на турското население.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Каква буна! Молчи и наслушни колку што можеш повнимателно: срцето ти фаќа жабјак.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Следен обид за ослободување од османлиската власт македонскиот народ направил со Брсјачката буна или уште наречена Демирхисарски заговор.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Постојано веруваше во некаква буна на самата судбина која ќе ги доведе работите на праведното место!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се распрашуваше и му кажуваа. По буните и војните наидоа безредијата, немаштијата, гладот и разните болести.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Превртувањето на казанот, прифати Татко и одбивањето на баклавата биле знаци за буната на јаничарите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За време воените буни на јаничарите се превртувал казанот, а и баклавата имала коцелив горчлив вкус.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)