буни (несв.)

Еј, кучешка душо црна... Третиот се буни со шмркање. - Кучешка? Зошто?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Честите царе, сонце наше сјајно! Го добив твоето свето решение од 30 шевар 959 год. и се зафатив со работа да ги фатам и покорам бунтовниците, но нивните водачи избегаа во големите планини и оттаму ја бунат и понатака рајата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Откако го видов Младичот, почна да ме буни: кому му е и зошто потребно да извалка една таква револуционерна чистота и добродетел, каква што е Младичот?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ме бунеше само едно: зошто не ни ја доверија таа акција нам?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Стана и отиде на прозорецот, печката зад него беше усвитена од жар, беше слободен и отпуштен, свикнат и смирен во таа темничина, како полжав под своето самарче, без никаква желба за бунење, а неговото тело не бунцаше за ниеден ненаправен чекор, само едно тивко преместување во таа просторија, во таа долина, која сега ги тераше полека сите свои жители да се јават, како при некое чудно повечерие, да испуштат од себе по некој глас, секој по некој свој писок, или по некое будно око.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Гледаш, - ѝ вели на Лидија, - ова е човек. Немој да се буниш, каменов е главата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Тогаш Едноокиот Полип наредил да се врзат сите што се бунеле и да се затворат сѐ додека не заврши акцијата...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Народе! - свика кметот грлено и остро. - Зошто ова бунење?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Па уште толку да сме, не би можело наполно да заведеме ред: едни внатре продаваат, а други како кучиња пазиме пред вратата или вртиме наоколу и мавтаме со клоци по оние „бузовци“ што се вртат крај колибите преправајќи се дека нешто загубиле или пак се бунат дека се излагани.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со право се буни Панче Василевски. Клупата е за никаде.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Наиде оној потсмешлив војник со несфатливо име. Пеју го викаа. Братучедите ги бунеше она у на крајот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
17. ОВЦАТА ШТО СЕ ДЕЛИ ОД БУЛУКОТ ЌЕ ЈА ИЗЕДАТ ВОЛЦИ - и струната откината од цигулката не може да ѕуни, и колата не може да се тркала само на едно колце, само мажот сака да може против жената да се буни...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Овдека, од овие блиските села сум од Ореовец, ако си го чул — одговори Горѓи Ацев, кој за првпат беше попаднал во затворот, бидејќи ги бунел селаните да не ги оставаат прилепските чорбаџии и бегови да си ги оберат лозјата, додека не платат на селото по десет гроша на дулум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А какви беа царските луѓе против кои се бунеше рајата?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зошто најпосле се дигнаа овие мирни селани против нас? — почна да се праша јузбашијата и го најде одговорот, во својата личност, кој му го откри самиот Толе: „вакви луѓе требе царот да има, та да не се буни рајата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можете да викате, да се лутите, да беснеете, можете да крескате, да се буните, да се смеете, можете како гром да трескате, како ѕвонец да ѕуните и чудно да ви биде, и мачно да ви биде на душа - што никој не ве слуша!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кој народ да се буни, велам јас, ова е стадо без пастир, кај ќе го потераш таму ќе оди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Како не важат нашите тврдења, - се бунат мајка му и мајка ѝ нејзина, - та ние сме ги родиле...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И одам, барам, се бунам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се буни нешто во нас, а не ти е јасно против кого.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе