бонбон (м.)

Василка им дава на децата по полна рака бонбони, леблебии и суво грозје.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Позади нив е кумата со сито под левата мишка покриено со шарена свилена шамија, вади од него овес помешан со бонбони и фрла над главите од младенците.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По завршувањето на обичаите килерџиите почнуваат да ги служат гостите со вино, ракија и мезиња: бонбони, леблебии и суво грозје.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Бато грабливо ги вадеше бонбоните од црвеното ќесе и одговараше со полна уста. - Благодарам, ќе бидам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога ќе го прашате што сака повеќе, бонбонче или приказна, тој секогаш би избрал приказна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се разбира, нема да се откаже ни од бонбончето, зашто уште поубаво е да слушаш приказна и да си лишкаш бонбонче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Девојчето ја гледаше десетдинарката со којшто тргнало да си купи бонбони, размислуваше, но најсетне ја подаде: „Дај ми ја, чичко, црвената!“ - рече.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Што може да се купи со десет динари,“ - праша - „но да останат пари за бонбони?“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Што може да се купи?“ - се замисли мајка ѝ. „Па - ѓеврек, крофна, кифличка, бонбони...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Веднаш го грабнува едното бонбонче и го става в уста. Другото го зема Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Децата сега шлапкаат со устите, лижејќи ги бонбончињата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Татковците им донесоа многу играчки, бонбони во светликава хартија, и разни фигури што можеа да се обесат на елката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Добро, предобро постапил чудниот човек со бонбончето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Па ќе ти даде бонбонче, а можеби и чоколадо. - А, не! - ѓаволесто вели Билјана. - Срамота е!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ми даде бонбонче! - вели Билјана. - Ти дал? Убаво од негова страна. Но што е тука чудно?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таа се израдува кога ме виде мене, бидејќи знаеше дека многу се дружам со Марина. Нѐ почести чоколадни бонбони.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога баба Анка нѐ испрати на заминување, ни подаде една голема пластична кеса полна со бонбони.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Блазе си му на тој Шекер - си помислив - цел живот јаде бонбони колку што му душа сака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не во фабриката. Има работилница дома, а бонбоните ги продава во малото дуќанче на Бит-пазар, - ме исправи дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Набргу се преселил во главниот град, и го вложил капиталот во фабрика за чоколадо, бонбони и вафли.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе