бонбона ж.

бонбона (ж.)

Добро, јас ќе земам само бонбона.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ВЕРА: Да одиме, тетин Пол, да одиме, мил мој. Ќе те почестам мармеладена бонбона.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Си легнав со вкус на ментол бонбона, на Boogie del Banco Rojo, на распроѕеваната и пепелава мама (каква што е таа кога се враќа од забавите, пепелава и поспана, огромна уловена риба и толку што не личи на себеси).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знаејќи си ја болеста, со крајни напори извади бонбона од чантата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И така, редум пред мене, секоја нова приказна беше како сјајна и чудесно шарена, нова крцкава бонбона, која те предизвикува да ја пробаш за да ѝ го почувствуваш единствениот вкус, кој е секогаш толку различен, но и така сличен по некој состав и по мајсторлак познат само на создателот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ти си ментол бомбона. Јас сум кока кола.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)