бон (м.)
Сака и мене да ме користи ко бонче за ручек.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На почетокот ова, колку-толку, беше ублажено и компензирано со давање на, во тоа време, популарните „бонови“ на работниците – со кои тие можеа да пазаруваат во локалните продавници и маркети на познати фирми од градот, со коишто директорот имаше личен, пријателски или деловен, однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според обата наведени закони плаќањето на работниците со „бонови“ е нелегално по секој основ бидејќи се забранува исплата на плати од дневен пазар, како и исплата на плати и други надоместоци на плати во бонови и натура.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, како што одминуваше времето и овие бонови прекратија.2 Поради отворената можност за приватизација на оваа јавна радиодифузна единица од страна на еден, во тоа време, моќен локален бизнисмен – вработените, преку нивниот синдикат, започнуваат преговори за трансформација на радиото од јавно во приватно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)