бенд (м.)

БРУС СТЕРЛИНГ Мислам дека сум онаков тип на писател какви што се музичарите од „гаражните бендови”...
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Постои набој. Имаат кик. Воопшто, на музичката сцена се појавија цел куп нови бендови.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Францускиот бенд, „Ејжен даб фондејшн“, побарале после концертот во кафеаната во која ќе ги полнат стомаците, рафално да стрелаат по келнерите со ќебапи, суфлаки и слични убиствени месишта подготвени на скара.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Бендот ја најави својата најнова композиција, за која што рече дека фановите ќе имаат чест за прв пат да ја слушнат вечерва. „Мара ми се скара“.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Бендот започна со свирката. За чудо, им пееше девојче, кое не се разликуваше многу од нејзините другари од бендот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Песната почна во брз ритам, а микрофонот го презеде еден од гитаристите на бендот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да споменам дека свадбата беше прекрасна и елегантна, не типична македонска, туку модерен бал на летна бавча со бенд кој ги свиреше најљубовните светски евергрин хитови.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)