ав (изв.)

Кракатау: Вечерва смогов низ градот се сече со ножици или со лажици можете да го сркате, по желба, а ние се пробивме до ова темно катче каде што ни едно пиле не пее, кадешто ни глувците немаат мир, а еве, кога доаѓавме, дури и Шарко, студентскиот беден Шарко избега од нас, како параноичен глушец, ко да сме ние двајца некакви си фантоми, ви се молам, некои смоговски џукелчиња од чад, ти ебам, кога и кучињата бегаат од нас!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Петлето не пееше. Кучешки лаеше. Ав, ав, ав а мачките – магла!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога се вратив дома, што ќе видам? Детето немало душа, викало – мамо, мамо и уплашено во темницата, го најдов како кученце да лае – ав, ав, и очите му беа искокнати и до сабајлето, синко, си умре.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ама Гаро ја растажи. И коњот, уште повеќе. Ав Гаро не стори, само погледни чини, пододи настрана и подврати се.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)