крст
мн. крстови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 887
1.
Симбол на христијанската религија во облик на подолг вертикален и пократок хоризонтален крак што се сечат под прав агол.
Примери:
дрвени крстови
метален крст
2.
Молитвен знак на христијаните со десната рака во облик на крст.
Примери:
Во името на крстот.
Направи крст со раката.
4.
Животно искушение, мака, страдање, тешка судбина.
Англиски:
destiny
Албански:
fat, kësmet
Секој го носи својот крст.
Го понесе крстот.
5.
одликување, орден
Англиски:
medal
Албански:
kryq, dekoratë
Крст за храброст.
Доби крст поради посебни заслуги.
6.
Долниот дел на 'рбетниот столб и карличните коски со кои cе вкрстува.
Примери:
Чувствува болки во крстот.
Ја боли крстот.
Слично со:
рбет (м.)
Изрази
Бега како ѓавол од крст - се плаши, избегнува средба со некого.
Тури му крст - стави му крај (како непотребно, неважно, изгубено).
Тој е со крстот на чело - многу чесен, искрен, наивен.
Црвен крст - меѓународна хуманитарна организација за помош на болни, настрадани и ранети.
Изведенки
1.
крвче ср.
мн. крвчиња
дем.
мн. крвчиња
дем.
2.
крсте ср.
мн. крстиња
дем.
мн. крстиња
дем.