а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

судбина

мн. судбини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 286
1. Според суеверните претстави - виша сила што го определува животот на човека.
Англиски: fate Албански: fat
Примери:
Никој не може да избега од судбината.
(разг.) игра на судбината
иронија на судбината
на произвол на судбината
2. животен пат
Англиски: life Албански: fat
Примери:
Од тој ден тие имаа заедничка судбина.
3. случај
Англиски: chance Албански: fat, rast
Примери:
Судбината сакаше пак да се видиме.
4. иднина
Англиски: future Албански: fat, ardhmëri
Примери:
Тој случај ја реши мојата судбина.
Изрази
Се препушти на судбината - се помири со настанатата ситуација; очајува.
Од судбината не се бега - не може да се избегне тоа што е предодредено.
Иронија на судбината - неочекувано, необјасниво случување, настан, случка спротивно на очекуваното.