Пејоратив - категорија

манга повеќе

мн. манги
Вид збор: Именка, машки род
Груб, дрзок, безобѕирен, бесрамен човек.
Албански: i vrazhdë, arrogant
Погрден назив за Ром.
Англиски: gipsy Албански: manga, fjalë fyese për rom

матач повеќе

мн. матачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што лаже, што измислува.
Англиски: schemer Албански: ngatrresarë

машкуданеста повеќе

Вид збор: Придавка
За жена што има машки особини или изглед.
Англиски: androgenic

мешло повеќе

мн. мешловци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што има голем мев, стомак.

мивка повеќе

мн. мивки
Вид збор: Именка, женски род
Нечист, неприбран, неспастрен човек.
Англиски: scoundrel Албански: i pa pastër, viran

мигло повеќе

Види и: мигач (м.)
мн. мигловци
Вид збор: Именка, машки род
мигач

молец повеќе

мн. молци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што постојано бара нешто, што постојано додева со некакви барања.
Албански: molë, lutës

момиште повеќе

Види и: мома (ж.)
мн. момишта
Вид збор: Именка, среден род
мома
Англиски: girl

монструм повеќе

мн. монструми
Вид збор: Именка, машки род
Морално деформиран, изопачен, суров човек.
Англиски: monster Албански: monstër

мостра повеќе

мн. мостри
Вид збор: Именка, женски род
За човек - тип, сорта.
Англиски: dude Албански: tip, lloj

мочко повеќе

мн. мочковци
Вид збор: Именка, машки род
недораснат, неспособен
Англиски: weakling

мочла повеќе

мн. мочли
Вид збор: Именка, женски род
недорасната, неспособна

мрсулави повеќе

мрсулават
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мрсулави) Плаче, се жали без поголема причина, се лигави.
Англиски: slime Албански: zhul

мрцина повеќе

мн. мрцини
Вид збор: Именка, женски род
Лош, безвреден, мрзлив човек.
Англиски: idler Албански: dembel, përtac

мрша повеќе

мн. мрши
Вид збор: Именка, женски род
Мртво тело на човек.
Англиски: carcass Албански: kufomë
Лош човек, никаквец.
Англиски: crook Албански: njeri pa vleftë

мршојадец повеќе

Види и: мршојад (м.)
мн. мршојадци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што напаѓа слаби, беспомошни.
Англиски: scavenger Албански: sulmues ndaj të dobtëve

мудросерко повеќе

Види и: серко (м.)
мн. мудросерковци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се прави мудар, а зборува глупости.
Англиски: wiseass

мукач повеќе

мн. мукачи
Вид збор: Именка, машки род
плачко
Англиски: weakling

мурдар повеќе

мн. мурдари
Вид збор: Именка, машки род
Запуштен, неуреден, нечист човек.
Англиски: tramp Турски: murdar

муфљуз повеќе

мн. муфљузи
Вид збор: Именка, машки род
пропаднат човек
Англиски: tramp Турски: müflis

муцка повеќе

мн. муцки
Вид збор: Именка, женски род
Уста, вилица (на човек).
Англиски: trap Албански: turin
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - ф - ц - ч - џ - ш