смрт
(едн.) смртта
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 221
1.
Во биологијата - прекратување на животот, на размената на материите во организмот.
Примери:
физиолошка смрт
смрт на клетките
Спротивно од:
живот (м.)
2.
Прекратување на суштествувањето на човек, животно.
Примери:
предвремена смрт
ненадејна смрт
3.
смртна казна
Примери:
Го осудија на смрт (со бесење, стрелање).
4.
Пропаст, уништување нешто.
Примери:
смрт на надежите
смрт на фашизмот
5.
По народното верување - призрак што ги убива луѓето и им ја зема душата.
Примери:
Кога ја пратил Господ смртта да ги умира луѓето.
Изрази
Бела смрт.
Блед како смртта.
Борба на живот и смрт.
Граѓанска смрт.
Ѝ гледа на смртта в очи.
Казни со смрт.
Меѓу животот и смртта.
Најде смрт.
На смрт е.
По смрт - болест.
Прашање на животот и смртта.
Разболи се на смрт.
(разг.) Смрт ми е тоа.
(посл.) Смртта не прашува стар и млад.
Умре со јуначка, природна, своја смрт.
Црна смрт.
Смрт или слобода.