Митологија - категорија

саботник повеќе

мн. саботници
Вид збор: Именка, машки род
Човек роден во сабота, особено пред задушница, пред Велигден или на полноќ на Бадна вечер што може да ги види самовилите.

самовила повеќе

мн. самовили
Вид збор: Именка, женски род
Според народното верување - митолошко женско суштество што живее по шумите и планините.
Англиски: fairy Албански: zanë

самодива повеќе

Види и: самовила (ж.)
мн. самодиви
Вид збор: Именка, женски род
самовила
Англиски: fairy

сатир повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Во старогрчката митологија - едно од пониските божества што се одликувало со похотност.
Англиски: satyr

Сатурн повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Римски бог на сеидбата.
Англиски: Saturn

смрт повеќе

(едн.) смртта
Вид збор: Именка, женски род
По народното верување - призрак што ги убива луѓето и им ја зема душата.
Англиски: death Албански: vdekja

стија повеќе

мн. стии
Вид збор: Именка, женски род
самовила
Англиски: fairy

сфинга повеќе

мн. сфинги
Вид збор: Именка, женски род
Во старогрчката митологија - крилато суштество со тело на лав и глава и гради на жена.
Англиски: sphinx Албански: sfinga
а - б - в - г - д - з - ј - к - л - м - н - о - п - с - т - ф - х - ч