пратеништво
мн. пратеништва
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 35704
1.
Група луѓе, делегација испратена со определена задача.
Англиски:
delegation
Албански:
delegacion
Сите народи испратија свои пратеништва пред царот.
Слично со:
делегација (ж.)
2.
Дипломатско претставништво на чие чело се наоѓа пратеник, како шеф на мисија од втора класа.
Слично со:
претставништво (ср.)
3.
Зградата во која се наоѓа такво претставништво.
Примери:
Визите се издаваат во пратеништвото.
4.
(само едн.) Служба на пратеник.
Албански:
funksioni i të deleguarit
Пратеништвото е најпосакувана функција во земјата.