Дипломатија - категорија

пакт повеќе

мн. пактови
Вид збор: Именка, машки род
Меѓународен договор, обично со големо политичка значење, на обострана корист - за соработка, сојузништво.
Англиски: pact
Примери:
Пакт за ненапаѓање.

парламентар повеќе

мн. парламентари
Вид збор: Именка, машки род
Лице ополномоштено од една војувачка страна да стапи во преговори со непријателот.
Англиски: negotiator Албански: ndërmjetës

пасош повеќе

Види и: паспорт (м.)
мн. пасоши
Вид збор: Именка, машки род
Документ за лична идентификација кога се патува во странство.
Англиски: passport Албански: pasaportë, lejekalim

паспорт повеќе

мн. паспорти
Вид збор: Именка, машки род
Легитимација за патување во друга држава, пасош.
Англиски: passport Албански: pasaportë, lejekalim

паспортен повеќе

Види и: паспорт (м.)
паспортна
Вид збор: Придавка
Во врска со паспорт.
Примери:
Паспортно одделение.

повелба повеќе

мн. повелби
Вид збор: Именка, женски род
Правен акт, програмски документ што ги содржи основните принципи на меѓународната политика.
Англиски: declaration Албански: deklarim

полномошен повеќе

полномошниот
Вид збор: Придавка
Што има полномоштво.
Англиски: authorized

портфељ повеќе

мн. портфели
Вид збор: Именка, машки род
Министерство, ресор на министерство.
Англиски: portfolio Албански: portfolio

пратеник повеќе

мн. пратеници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е испратено некаде со определена задача, порака и сл.
Англиски: emissary Албански: emisar
Шеф на дипломатското претставништво од втора класа.
Англиски: envoy Албански: i dërguar

пратеништво повеќе

мн. пратеништва
Вид збор: Именка, среден род
Дипломатско претставништво на чие чело се наоѓа пратеник, како шеф на мисија од втора класа.
Англиски: legation Албански: legatë
Зградата во која се наоѓа такво претставништво.
Англиски: legation Албански: legacion

преамбула повеќе

мн. преамбули
Вид збор: Именка, женски род
Воведен дел од важен правен акт (закон, устав, меѓународен договор) во кој се изнесени целта на актот и неговите основни начела.
Англиски: preamble

президент повеќе

мн. президенти
Вид збор: Именка, машки род
Претседател на држава или на висока институција.
Англиски: president

прекуграничен повеќе

прекугранични
Вид збор: Придавка
Што е преку државна граница.
Англиски: international
Примери:
прекуграничен промет

премиер повеќе

мн. премиери
Вид збор: Именка, машки род
Претседател на влада.
Англиски: prime minister Албански: kryeministër

придружба повеќе

(едн.) придружбата
Вид збор: Именка, женски род
Едно или повеќе лица што придружуваат некого или нешто.
Англиски: escort Албански: eskortë, përcjellës

примирје повеќе

мн. примирја
Вид збор: Именка, среден род
Привремен прекин на воени дејства со заемна согласност на завојуваните страни.
Англиски: armistice

принципат повеќе

мн. принципати
Вид збор: Именка, машки род
Држава со која владее принц.
Англиски: principality

протекторат повеќе

мн. протекторати
Вид збор: Именка, машки род
Држава под управителство на друга држава или организација.
Англиски: protectorate Албански: protektorat

протокол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Записник од дипломатска конференција со акти донесени на неа.
Англиски: protocol Албански: protokol
Правила на церемонијалот во дипломатските односи.
Англиски: protocol Албански: protokol
Одделение што се занимава со правилата за однесување на државно ниво.
Англиски: protocol Албански: protokol

протоколарен повеќе

протоколарни
Вид збор: Придавка
Во дипломатијата - што се однесува на протокол.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х