а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пратеник

мн. пратеници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3492
1. Лице што е испратено некаде со определена задача, порака и сл.
Англиски: emissary Албански: emisar
Употреба: Дипломатија
Примери:
Кралски пратеник.
2. Претставник во законодавното собрание (парламентот), избран од народот.
Англиски: Member of Parliament Албански: Deputet
Употреба: Политика
Примери:
Народен пратеник.
3. Шеф на дипломатското претставништво од втора класа.
Англиски: envoy Албански: i dërguar
Употреба: Дипломатија
Примери:
Македонски пратеник во ООН.
Изведенки
1. пратениче ср.
мн. пратеничиња
дем. пеј.
2. пратеничка ж.
мн. пратенички