а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прачка

мн. прачки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3171
1. Тенка гранка исчистена од ситните гранчиња и од лисјето.
Англиски: rod Албански: thupër
Примери:
Во раката држеше прачка.
Плотот беше направен од лескови прачки.
2. Страк од лоза, лозова пенушка.
Албански: hardhi
Употреба: Земјоделство
Примери:
Се исушија уште неколку прачки во лозјето.
Имал лозјенце со стотина прачки.
3. Млада билка што служи за расадување.
Англиски: seedling Албански: filiz
Употреба: Ботаника
4. Долг и тенок предмет налик на стап направен од метал или од друг материјал.
Англиски: rod Албански: shufër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Злато во прачки.
сребрена прачка