Дипломатија - категорија

САД повеќе

Вид збор: Скратеница
Соединетите Американски Држави
Англиски: USA Албански: SHBA
Примери:
Соединети Американски Држави

самит повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Состанок на највиско ниво.
Англиски: summit
Примери:
Самит на европските лидери.

самоуправа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Право на некоја државна единица самостојно да ги решава своите внатрешни проблеми.
Англиски: self-determination Албански: vetëqeverisje
Примери:
Борба на независните земји за самоуправа.

санкција повеќе

мн. санкции
Вид збор: Именка, женски род
Казнени мерки за нарушување на законот; во меѓународното право - систем на казнени мерки што се применуваат на оние што ги кршат меѓународните договори.
Англиски: sanction Албански: sanksion

силаба повеќе

мн. силаби
Вид збор: Именка, женски род
Слог во зборот.
Англиски: syllable

спогодба повеќе

мн. спогодби
Вид збор: Именка, женски род
Договор кој установува заемни услови во нешто.
Англиски: contract Албански: marrëveshje, kontratë

стејтмент повеќе

мн. стејтменти
Вид збор: Именка, машки род
изјава
Англиски: statement

суверенитет повеќе

(едн.) суверенитетот
Вид збор: Именка, машки род
Во меѓународното право - надворешна и внатрешна независност на една држава.
Англиски: sovereignty Албански: sovranitet
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х