а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отпадне

отпаднат; отпадни, отпаднете; отпаднав, отпаднаа; отпаднал; отпаднат; (ќе) отпаднев, (ќе) отпаднеа, (ќе) отпаднел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13665
1. Престане да биде во составот на нешто, се откачи од нешто, исклучи од нешто.
Англиски: fall off Албански: bie
Примери:
Од дрвјата отпадна и последниот лист.
Косата сосема му отпадна.
Малтерот од (на) фасадата отпадна од силните дождови.
Ѓонот од чевелот ми отпаднал.
2. Се оддели од група, од некоја целина.
Англиски: separate Албански: veçoj
Примери:
Најдобриот артист отпадна од претставата.
3. Ја напушти верата.
Англиски: apostatize Албански: ndroj
Употреба: Религија , Црковен термин
Примери:
Тој отпадна од нашата вера.
4. Пропадне договор, спогодба, план и сл.
Англиски: fall through Албански: dështoj
Примери:
Нашиот договор отпадна, затоа што тој бараше многу од мене.
5. Припадне на некаква целина, дел е од целина.
Англиски: participate Албански: përkas
Примери:
Триесет отсто од извозот отпадна на раноградинарските култури.
Изведенки
1. отпаднува несв.
отпаднуваат
2. отпаднување ср.
глаг. им.